Заедничка декларациjа од 22 февруари 1999
Изглед
Оваа страница е достапна под Creative Commons лиценца. Поточно, таа е достапна под лиценцата Creative Commons Attribution 3.0, позната и како „cc-by-3.0“. |
- Текст од книгата Бугарската политика спрема Република Македониjа, обjавена во Wikisource pod licencata Криејтив комонс лиценца Наведи извор 3.0.
на Mинистер-претседателот на Република Бугариjа
- Mинистер-пpeтceдaтeлот на Република Бугариjа
- и Претседателот на Владата на Република Македониjа,
- Поаѓаjќи од заедничкиот стремеж за развоj на
- добрососедските односи меѓу двете држави,
- Длабоко убедени во потребата од развоjот на соработката
- врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање,
- добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните
- држави и народи,
- Убедени во необходноста од зацврстување на безбедноста
- и мирот, соработката и довербата во Jугоисточна Европа,
- Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во
- европските и евро-атлантските структури,
- Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области
- на билатералните односи, како и во однос на регионалните
- и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно
- унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа,
- Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН и
- документите на ОБСЕ, како и демократските принципи, содржани
- во документите на Советот на Европа,
- 1. Jа изразуват своjата подготвеност и заедничката желба
- за развоjот на севкупните односи меѓу Република Бугариjа и
- Република Македониjа. Тие односи ќе се развиваат во согласност
- со основните принципи на меѓународното право.
- 2. Двете страни ќе соработуваат во рамките на
- Организациjата на Обединетите нации, Организациjата
- за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа,
- Инициjативата на НАТО Партнерство за мир, Мултинационалните
- мировни сили на земjите од Jугоисточна Европа и други
- меѓународни организации и форуми.
- 3. Двете страни ќе придонесуваат за развоj на соработката
- меѓу земjите од Jугоисточна Европа, за унапредување на
- разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при остварување
- на регионалните проекти како елемент на процесот за создавање
- на единствена Европа.
- 4. Двете страни ќе ги поттикнуват контактите и ќе
- организираат средби меѓу претставниците на органите на
- управата на различни нивоа, за развоj на приjателските односи и
- соработката.
- Тие ќе придонесуваат за поттикнување на контактите меѓу
- невладините организации и граѓаните на двете земjи.
- 5. Имаjки jа предвид географската блискост, двете страни
- ќе се стремат кон создавањето на неопходните правни, економски,
- финансиски и трговски услови за обезбедување непречено
- движење на капиталот, стоките и услугите. Тие ќе ги поттикнуваат
- заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна защита.
- 6. Двете страни ќе го поттикнуваат зголемувањето на
- туристичката размена, како и развивањето на соодветни форми на
- соработка во областа на туризмот.
- 7. Двете страни ќе ги развиваат и усовршуваат
- сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, како и во рамките на
- регионалните инфраструктурни проекти.
- Тие ќе се стремат кон олеснување на царинските и
- граничните формалности за движењето на патници и стоки.
- 8. Двете страни ќе jа поттикнуваат активната и непречена
- соработка во областа на културата, образованието , здравството,
- социjалната грижа и спортот.
- 9. Двете страни ќе прават напори за слободен проток на
- информации, преку поттикнување и развивање на соработката во
- областа на печатот, радио и телевизиските емисии, со користење на
- современите информативни средства.
- Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и
- интелектуалните права на творците од двете земjи.
- 10. Двете земjи ќе jа унапредуваат соработката во правната
- и конзуларната област и особено во областа на граѓанските,
- казнените и административните прашања, со цел за олеснување на
- патувањето и посетувањето на своите граѓани, како и за решавање
- на нивните хуманитарни и социjални проблеми.
- 11. Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и
- поддржуваат една кон друга деjствиjа и активности кои имаат
- неприjателски характер.
- Ниту една од страните нема да дозволи неjзината
- териториjа да биде користена против другата од организации
- и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни и
- сепаратистички деjствиjа или деjствиjа насочени кон загрозување
- на мирот и безбедноста на другата земjа.
- Двете земjи немаат и нема да проjавуваат териториjални
- претензии една спрема друга.
- Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот
- Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или
- некогаш ќе претставува основа за мешање на Република
- Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел
- да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на
- Република Македониjа.
- Двете страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување
- на недобронамерената пропаганда од страна на институции и
- агенции и нема да дозволат активности на приватни лица, насочени
- кон поттикнување на насилство, омраза или други слични деjствиjа,
- кои би наштетиле на односите меѓу Република Бугариjа и Република
- Македониjа.
- Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два
- оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на
- двете земjи - бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа
- и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при
- што двата текста имаат еднаква важност.
- ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA
- ИВАН КОСТОВ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
- Министeр-претседател Претседател на Влада
- __________________
- ж Заедничката Декларациjа од 1999 е потвърдена со заеднички меморандум
- подпишан од Бугариjа и Република Македониjа во Софиjа на 22 jануари 2008
- година.