Прејди на содржината

Бугарската политика спрема Република Македониjа

Од Wikisource
Creative Commons License Оваа страница е достапна под Creative Commons лиценца.
Поточно, таа е достапна под лиценцата Creative Commons Attribution 3.0, позната и како „cc-by-3.0“.


ФОНДАЦИЯ МАНФРЕД ВЬОРНЕР MANFRED WÖRNER FOUNDATION



БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА СПРЕМА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА

Препораки за развоj на добрососедски односи
по приемот на Бугариjа во ЕУ
и во контекст на проширувањето на ЕУ и НАТО
во Западниот Балкан

Разработени под раководството на Љ. Иванов,
со учество и придонес на
З. Андонова, П. Атанасов, С. Бараков, Б. Бобев, Ж. Георгиев,
Г. Даскалов, А. Димитров, Б. Димитров, Е. Еков, С. Елд’ров,
В. Илиев, З. Илиева, Н. Колев, К. Косев, М. Миланов,
И. Митов, П. Пантев, Г. Папакочев, А. Попов, А. Прванов,
В. Рачев, Н. Стоjанова, В. Текелов, М. Траjков,
С. Хаџитодоров
и др.


Софиjа, jануари 2007 / jануари 2008





... тешко е да му се објасни на светот зошто речиси
со сите [земји околу нас] имаме проблеми,
  а тие немаат толку меѓусебно.
(Утрински Весник - Скопjе, 31.12.2007)



1. Основни елементи


Како балканска земjа членка на Европската Униjа и НАТО, со
непосредни граници со Западниот Балкан, Бугариjа jа има
посебната надлежност да гарантира (заедно со Грциjа) земjите
кандидатки од регионот да ги постигнат современите европски
стандарди за добрососедски односи, како и да се стави здрава и
траjна основа на билатералните односи меѓу Бугариjа и Република
Македониjа, што е од интерес не само за граѓаните на Бугариjа, туку
и во не помал степен за граѓаните на Република Македониjа, а од
тука и за успешниот развоj на балканскиот регион како модерен и
просперитетен дел од Обединета Европа.


Во последно време Бугариjа презеде два извонредно важни зафати
во таа насока, кои го обележаа краjот на една и почетокот на нова
етапа во неjзините односи со Република Македониjа.


Првиот чекор беа недвосмислени предупредувања кон Скопjе
од страна на Претседателот Георги Прванов и Надворешниот
министер Иваjло Калфин во 2006 година дека дадениот кредит
од безусловна бугарска поддршка за членство на Република
Македониjа во Европската Униjа и НАТО веќе е исцрпен и понатаму
бугарската поддршка ќе биде резултат од желбата и успехот на
Република Македониjа да отпочне и применува нормална политика
на добрососедство.


Вториот значаен чекор беше направен за време на посетата
на Претседателот Џорџ Буш на Софиjа во 2007 година кога и
Претседателот Прванов и Премиерот Сергеj Станишев му обрнаа
внимание на државниот глава на САД врз недобрососедската
политика на Република Македониjа.


По овие jасни политички пораки нагласени на наjвисоко ниво
потребно е да бидат конкретизирани и уточнети основните
елементи на бугарската политика во однос на целиот спектар од
специфички проблеми поврзани со развоjот на билатералните
односи меѓу Бугариjа и Република Македониjа во новите услови.
Овоj реферат формулира некои можни почетни точки за една
таква политика со предлог истите да бидат предмет на експертска
анализа со доследни политички решениjа и убрзана примена, како
и во некоа форма и предмет на отворена jавна дебата.


Основните бугарски акценти и визии во однос на повеќе прашања,
поврзани со политиката на Бугариjа кон Република Македониjа,
како и со релевантни аспекти на бугарските односи со трети земjи,
посебно Грциjа, Албаниjа, Косово и Србиjа, се формирани во разни
историски моменти и соодветно се производ на разни историски
реалности заради што се и внатрешно противречиви, а оттука и го
спречуваат секоj можен обид за доследна и проактивна политика.


Нешто повеќе, овие акценти и визии на никоj начин не ги
одразуваат наjновите реалности по 1 jануари 2007 година кога,
покраj членството во НАТО, Бугариjа веќе е и дел од Европската
Униjа, додека Република Македониjа сеуште не е. Во овие прилики,
сегашната анализа и препораките, кои проистекуваат од истата се
основуваат на ново разгледување и повторна оценка, бараjќи во
одредени аспекти и нови приоди.


Треба да констатираме дека македонистката кауза се радува на
повеќе внимание меѓу заинтересираните кругови и широката
публика во Европа, Соединетите Држави и Канада, а тоа го
има своето историско обjаснување. Република Македониjа
во последниве скоро дваесет години надградува аргументи и
пиар напори врз повеќе од четириесет години применувана
jугословенска политика, за кое време бугарската држава молчеше
и дефинитивно не правеше напори да создава застапници на
бугарската позициjа надвор од неjзините граници. Друг фактор
што го зголемува воспримањето на аргументите на македонистката
кауза е сочувството, кое се шири во jавноста на овие земjи кон
малата постjугословенска република, разгледувана како дете, но и
како жртва на победниците во Студената воjна.


Но вистината е, дека ако сега во предприсоединувачкиот период за
Република Македониjа неjзините билатерални односи со Бугариjа
не се изградат врз коректна и здрава добрососедска основа, потоа
Софиjа во многу мал степен ќе располага со инструменти со кои ќе
jа брани своjата кауза додека можностите на Скопjе ќе се зголемат.
А и наjjаките аргументи на Бугариjа тогаш би биле интелектуално и
морално ранливи. Ако поранешното молчење и пасивност имале
некакво обjаснување, сега, кога условот за добрососедска политика
од страна на секоj кандидат за членство во НАТО и Европската
Униjа е првостепенен критериум за пристап, секое наше молчење
ќе се толкува и од нашите партнери во Алиjансата и во ЕУ, а и во
самата Република Македониjа како да легитимира политики и
практики, кои ниедна земjа, коjа се почитува сама себе, не би ги
примила како добрососедски.


Овоj реферат ги разгледува пред се специфичките проблемни
моменти во односите помеѓу Бугариjа и Република Македониjа,
одбележуваjќи макар и не толку потенцирано и други релевантни
мерки како што се заедничките инфраструктурни и други
проjекти (вклучуваjќи ги тие од Европската Униjа и НАТО),
бугарските инвестиции во економиjата на Република Македониjа,
олеснувањата во добивање на бугарско државjанство за лица
од балканските земjи со бугарско потекло и стимулирањето на
нивниот пристап до бугарските високи училишта и сл., мерки кои
несомнено ќе бидат погодни за решавање, но сами по себе не
можат да ги решат проблемните моменти, за кои станува збор.


Овоj реферат целосно е насочен кон бугарската политика спрема
Република Македониjа. Посебни активности и политики во однос
на трети земjи, кон ЕУ и кон НАТО се предлагаат само и доколку тие
се суштински неопходни за постигнување на целите поврзани со
Република Македониjа.


1.1. Република Македониjа


Македонската нациjа и држава се формирани во процесот на
реализациjа и еволуциjа на српска политичка конструкција,
обjавена за прв пат во 1889 година, поддржана со едно решение
на Комунистичкиот интернационал во Москва во 1934 година
и остварена помеѓу 1944 и 1991 година во делот на историко-
географскиот регион Македониjа (околу 36% од неjзината вкупна
териториjа), познат како Вардарска Македониjа, вклучен во
териториjата на Jугославиjа и управуван од комунистичката партиjа
на Jугославиjа. Оваа идеjа прокламира дека, бугарското население
на Македониjа, кое живеело во тие земjи од VII век нема ништо
заедничко со бугарската држава и бугарската нациjа, тврдење
што противречи на историската вистина потврдена доминантно
во светската наука. Македонистката доктрина беше наметната во
Вардарска Македониjа со специфичките методи и средства за една
тоталитарна комунистичка држава: терор и репресии врз луѓето кои
се сметале бугари (30 000 стрелани и 120 000 испраќани во логори
и затвори); пренапишување на историjата преку образованието
и медиумите; фалсификување на автентични документарни
свидетелства и артефакти, и преправување на историските
споменици (натписи врз цркви, манастири, гробови и сл.).


Слични активности во една или друга форма постоjат и денес во
современата македонска државност. Причина за тоа е изборот за
понатамошниот развоj на новоформираната македонска нациjа коj
беше направен во услови на новата независна држава Република
Македониjа во почетокот на 90-те години на минатиот век. Едната
можност (и денес актуелна) беше да се отчитаат обjективните
параметри на овоj развоj такви како што се: самостоjна државност
во рамки и граници на Република Македониjа (заедничка држава
на етнички македонци и албанци); промени во етничката самосвест
на голем дел од населението на Вардарска Македониjа (денешна
Република Македониjа) по 1944 година; многувековен историски
развоj на основниот дел од населението во денешните земjи на
Република Македониjа како составен дел од бугарската народност;
и сочуваната бугарска етничка припадност на одреден дел од
граѓаните на Република Македониjа. Другата можност, за жал
преферирана од политичката елита на новата држава, беше
српско-jугословенскиот проект, применуван без измени, секогаш
на антибугарска основа, веќе во поразлична средина и делумно со
нови протагонисти и носители.


Со други зборови, во условите на независност, утврдувањето
на посебна македонска нациjа продолжи не врз база на
признавање и прифаќање на стварното историско минато на
населението на Вардарска Македониjа, туку врз претходната база
на фалсификување на тоа минато и проектирање на процеси,
поврзани со одредена териториjа и одреден период (Вардарска
Македониjа во рамките на Jугославиjа, 1944 - 1991 година) во други
територии и други времиња. Доколку историjата на населението
на Република Македониjа има нешто заедничко со историjата на
соседните земjи, овоj проект на пренапишување на историjата
(назад до Преродбата, Средните векови, па дури до Античноста)
со цел да се нагоди историската национална идентичност на
населението на Република Македониjа на денешната, директно
jа погодува и во суштина се обидува во некоj степен да jа
предефинира историската, а оттаму и современата национална
идентичност на соседните народи и наjмногу бугарската – нешто
што нормално тие народи го сметаат за категорично неприфатливо.


Важна нова околност во ова продолжение на стариот проект е
дека неговите носители и промотори денес се не само политички
и други средини кои се идејно-политички и биографски поврзани
со бившата jуго-номенклатура, туку се и нивните идеjни опоненти,
вклучуваjќи ги и тие, кои биле репресирани како бугари или
бугарофили во минатото.


Самото име „Република Македониjа”, покасно, заради
недобрососедската политика на Скопjе создаде проблеми во
традиционалната употреба на името „Македониjа” за другите
позначаjни делови на географскиот регион со исто име – Бугарска
(Пиринска) Македониjа и Грчка (Егеjска) Македониjа.


Во таа смисла, дадениот од Бугариjа почетен кредит на доверба со
безусловно признавање на новата независна држава во 1992 година
беше инвестициjа во корист на добрите односи меѓу двете земjи, коjа
за жал не наиде на реципроцитет. Во перспективата на изминатото
време, тогашното признавање без обврзување на новата држава
со jасни стандарди за добрососедска политика, како да го поттикна
продолжувањето на старата jугомакедонска политика, наместо да ги
стави билатералните односи на нова основа.


Овие односи денес во значајна степен се неискрени (скопски
претставници зборуваат едно за време на посетите во Софија,
и друго дома или пред трети страни), а имајќи го предвид
значителното разминување меѓу јавното мислење во Бугарија и во
Република Македонија, постои потенцијал за идно влошување, за
кое не би требало да има место помеѓу две европски земји, уште
помалку помеѓу две (во перспектива) членки на ЕУ.


Затоа, со оглед на евентуелната покана за членство во НАТО и на
претстоjниот преговорен процес за присоединување на Република
Македониjа кон Европската Униjа, Бугариjа не може да не побара
директно и/или со користење на можностите, предлагани од
технологиjата на процесот на присоединување и од бугарскиот
статус на полноправен член, следново:


1.1.1. Стриктно применување од страна на Република Македониjа
на заедничката Декларациjа од 22 февруари 1999 година, коjа
ги истакнува договорените от Бугариjа и Република Македониjа
фундаментални принципи на добрососедски односи меѓу двете земjи,
со регистрирање и отворено посочување на сите констатирани
прекршоци на Декларациjата. Строгиот мониторинг за неjзиното
применување треба да стане составен дел од оценките на Бугариjа
и ЕУ за напредокот на Република Македониjа во постигнувањето на
задолжителните услови и стандарди (вклучително условот за водење
на политика на добрососедство) за членство во ЕУ и слично за НАТО.


Причината за истакнување пред ЕУ на проблемите, поврзани со
примената на Декларациjата од 1999 година, е дека неjзиното
неисполнување предизвикува сериозни проблеми во билатералните
односи меѓу Бугариjа и Република Македониjа, кои недопустливо е да
постоjат по членството на Република Македониjа во ЕУ.


Во самото решение, кое препорачува отпочнување на
преговорниот процес за присоединување на Република
Македониjа кон ЕУ треба, на барање на Бугариjа, да биде
ставено задолжението на Скопjе стриктно да jа исполнува
Декларациjата од 1999 година. Во процесот на преговорите
Бугариjа да jа претставува на Европската Комисиjа своjата оценка
за исполнувањето на Декларациjата, а доказите за неисполнување
на Декларациjата во целина да бидат содржани во годишните
извештаи на Европската Комисиjа за напредокот на Република
Македониjа во областа на исполнување на критериумите за
членство за да не се отвараат и/или затвараат преговорни глави
без да се исполнети соодветните услови.


Оценките треба да се однесуваат единствено до реалните
активности на Република Македониjа, а не на обjавени добри
намери (вината за неисполнување на такви намери згодно се
пишува на „старите сили”, „српското влиjание” и т.н. Се разбира, би
било наивно да се мисли дека дури декларативните добри намери
се нешто друго освен коњунктурен однос, сметан за потребен
единствено до присоединувањето кон ЕУ и НАТО).


1.1.2. Престанок на малтретирањето на граѓани на Република
Македониjа, кои се самоидентификуваат како бугари. Ова
малтретирање вклучува: часови сослушувања во полициjа на
граѓани на Република Македониjа без да се сторители на било
какви прекршоци, освен дека некаде се обjавиле за бугари;
отпуштање од работа; притисок врз jавни организации на бугари и сл.


1.1.3. Рамноправност на бугарите во Република Македониjа (сите,
кои jасно се самоидфентификуваат како такви) со останатите етноси
во склад со локалното национално законодавство, кое предвидува
нивно наброjување во преамбулата на Уставот на земjата; покраj
наброените албанци, турци, власи и роми, и потоа додадени срби
и босанци, треба да наjдат место и бугарите, независно од нивниот
броj, официjално деклариран во Република Македониjа.


Во таа врска, битно е да се разгледа тезата, дека денешните етнички
македонци (небугари) и етничките бугари во Република Македониjа
се „исти”, дека меѓу нив нема разлика, при што тоа се разбира во
сосема спротивна смисла: под „вкупно” едни разбираат дека сите
се македонци (небугари), додека други имаат предвид дека сите се
бугари (во некоа смисла; или според некои, наjмалку во процес на
„ребугаризациjа”).


И двете толкувања на оваа теза се неприфатливи доколку грубо го
нарушуваат основниот принцип на етничко самоопределување: секоj
сам да се определува каков е, што значи други да не определуват
наместо него, а и тоj да не определува за други. Бугариjа мора строго
да го исполнува овоj принцип и на никоj начин да не се асоцира
со толкувања кои го нарушуваат. Штом има македонци, кои се
самоопределуваат како небугари (се разбира дека тука станува збор
само за потомци на македонски бугари, а не за албанци, власи, турци
и други етнички групи во Вардарска Македониjа), не може друг да
тврди дека македонци и бугари се едно исто. Штом има македонци
кои се самоопределуваат како бугари, не може друг да тврди дека
македонци е равно на небугари. (Такви ставови е нормално да
постоjат во рамките на етничката самоидентификациjа на одделни
лица или слободата на словото на граѓаните и невладините средини,
но немаат место како државна позициjа.)


И двете толкувања не одговараат на современите реалности
доколку од една страна, како резултат од настанати промени
во последниве шеесет години мнозинството од потомци
на македонските бугари во Република Македониjа денес се
самоидентификуваат како етнички македонци (небугари), а од друга
страна факт е дека дел од населението jа чува своjата бугарска
етничка припадност. Jасно е дека првите и вторите нема како
да бидат едно исто, затоа што се разликуваат по своjата етничка
самоидентификациjа. Со други зборови, оваа теза е фактички
невистинска. А доколку соодносот меѓу двете заедници е видливо
во корист на првата, одрекувањето на постоjната разлика означува
присоединување кон каузата на антибугарскиот македонизам и
делува пред се на штета на бугарите.


Затоа задолжително е, а и совршено нормално, согласно
современите европски стандарди, етничките бугари во Република
Македониjа да не бидат ставени во нерамноправна положба во
споредба со други етноси.


Таква грижа од страна на Бугариjа кон бугарите, државjани на
Република Македониjа, е во склад со Декларациjата од 1999 година.
Вреди да се одбележи дека во овоj важен аспект Декларациjата
суштински е асиметричка и ги исклучува активностите на Скопjе
во заштита на статусот на лица во Бугариjа, кои не се државjани на
Република Македониjа.


Што се однесува до евентуелниот број на бугарското малцинство
во Република Македониjа и стравот дека неговото официjално
признавање би го покажало неговиот мал броj, бугарската политика
треба да се базира на реалностите такви какви се. Нашиот
досегашен однос на одбегнување на прашањето за признавањето
на бугарското малцинство дозволува две можни толкувања. Едното
е дека наспроти зголемениот броj на лица, кои добиле бугарско
државjанство, таму практички нема такво малцинство, а станува
збор за некакви „криптобугари” чиj броj ќе намалува со смената на
генерациите. Другата се основува на претставата дека бугари во
Република Македониjа има, но тие се повеќе од малцинство; дека
таму се одвива наводно сеопфатен процес на „ребугаризациjа” коj во
непосредна иднина ќе ги врати вардарците на патот на историскиот
континуитет, карактеристичен за соседна Пиринска Македониjа.
Очигледно, овие две оценки се разнопосочни, се основуваат на
прифаќането на одделни случаи како сеопшти, а не на обjективни
репрезентативни податоци за процесите, и во секоj случаj со
нивното визирање на некакви претпоставени идни реалности не се
придонесува за реализмот на актуелната ни политика.


Неоправдан е и стравот дека признавањето на бугарското
малцинство би го „капсулирало” одделно од доста помногуброjната
категориjа жители (може би двеста иљади според некои
условни експертски проценки) на Република Македониjа кои
имаат дуалистичка етничка самосвест на македонци и бугари
истовремено. Истакнатите бугари во Република Македониjа повеќе
пати изjавувале дека чувствуваат потреба од покатегорична и
активна поддршка од страна на Бугариjа. Несомнено, важен елемент
од таква поддршка би била грижата за бугарското малцинство, чие
признавање, позабележливо присуство и активност, и во краjна
мера самоувереност, би го заjакнало, а не ослабело и бугарското
каj оние, кои се самоопределуваат истовремено како бугари и како
македонци. (Вреди да се одбележи за споредба, дека тие што се
самоиндентификуваат како етнички македонци, небугари во Бугариjа
не се плашат од никакво „капсулирање” во своето одграничување
од бугарите, и нивната кауза е добро претставена и популаризирана
пред меѓународната заедница.)


1.1.4. Престанување на образованието по историjа со учебници,
кои целосно jа фалсификуваат историjата и содржат навредливи
квалификации за бугарската држава и нациjа, кои граничат со
отворен расизам. На бугарско барање, во учебниците, официjално
одобрени од надлежните органи на Република Македониjа
изричито да биде истакната бугарската народносна припадност
(утврдена од светската историска наука) на истакнати фигури од
нашата општа историjа како Св. Климент Охридски, Цар Самуил,
браќа Миладиновци, Гоце Делчев.


Образовниот систем (од основно училиште до универзитетот)
е основен инструмент за создавање на силни и масовни
антибугарски ставови меѓу населението на Република Македониjа
(убедување дека Бугариjа е окупатор, асимилатор, разделител на
македонскиот етнос), ставови на кои политиката на Република
Македониjа останува постоjан заложник независно од политичките
промени и смени на власта.


Битно е да се подвлече дека отстранувањето на фалсификатите
од учебниците и престанувањето на антибугарската медиумска
пропаганда не би jа лишило Република Македониjа од темели
за неjзиното постоење. Државата може да продолжи да постои
врз основа на денешните реалности без да ги проектира
ретроспективно за изградување на некое неостварено минато, да
постои признаваjќи ги бугарските историски реалности. Точно така
како што Бугариjа може да ги признава денешните реалности без да
го пренесува минатото во сегашното.


1.1.5. Возобновување на уништените или фалсификувани натписи
врз цркви, манастири, икони, фрески, чешми, мостови и сл., во
склад со постоечките меѓународни стандарди во таа област.


1.1.6. Помош за возобновување, односно отстранување на
пречките за возобновување на 471 бугарски воени гробишта – едно
особено болно прашање за Бугарија.


1.2. Албаниjа и Косово


Немаловажен дел од обидите за ретроспективно санирање на
српско-jугословенскиот проект за создавање на македонска нациjа
се напорите на Скопjе за припојување кон тоj проект на потомците
на македонските бугари во Грчка Македониjа и некои области на
Албаниjа и Косово. Иако со скромни можности, Република Македониjа
инвестира значителен пропаганден, политички и материален ресурс
за оваа цел и соодветно постигнува одреден резултат.


Макар и не толку броjни, бугарите, кои го сочувале своjот етнички
идентитет во Грциjа, Албаниjа и Косово се важен доказ за вистината
за историското минато на географскиот регион Македониjа.
Затоа, особено во контекстот на интеграциониот процес на
присоединување на Албаниjа кон ЕУ и НАТО, респективно
утврдувањето на Косово како независна држава и неjзиното
доследно интегрирање во ЕУ и НАТО, Бугариjа треба да побара:


1.2.1. Рамнопоставеност на бугарите во Албаниjа со останатите
етноси во склад со практиката и законодавството на земjата во
таа област, т.е. официjално признавање на бугарското малцинство
покраj другите официjално признати малцинства – независно од
броjот на самоидентификуваните како бугари. Почитувањето на оваа
рамнопоставеност треба да биде составен дел од оценките на Бугариjа
и ЕУ за напредокот на Албаниjа во постигнување на задолжителните
услови и стандарди за зачленување во ЕУ, и слично за НАТО.


1.2.2. Рамноправност на бугарите во Косово (независно од нивниот
броj) со останатите етноси, коjа треба благовремено да наjде место
во сегашната локална практика и законодавство во оваа област.
Напредокот на косовските институции во оваа насока треба да
се истакне при определување на бугарската позициjа и учество
во утврдувањето и изградбата на независно Косово, а во текот на
времето и составен дел од оценките на Бугариjа и ЕУ за напредокот
на Косово во постигнување на задолжителните услови и стандарди
за зачленување во ЕУ, и слично за НАТО.


Бугариjа треба да го интензивира присуството меѓу бугарите во
Албаниjа и Косово, вклучително преку субсидирање на заеднички
невладини проекти, да го стимулира пристапот до бугарските високи
училишта и олесни давањето на бугарско државjанство на лицата од
бугарско потекло, како и веднаш да започне преговори за официjално
признавање на бугарските малцинства во двете земjи.


1.3. Грциjа


Релевантноста на политиката и поведението на Грциjа кон
проблемите на добрососедските односи помеѓу Бугариjа и
Република Македониjа во контекстот на проширувањето на ЕУ и
НАТО во Западниот Балкан проистекува од неколку фактори: Грциjа е
првата земjа членка на ЕУ на Балканот со важно учество и придонес
кон успешното проширување на НАТО и ЕУ со Бугариjа и Романиjа;
грчката териториjа вклучува преку половина од географскиот регион
Македониjа, како што истиот се разбира од XIX век наваму (во Грциjа
е и неговиот главен град Солун); и се разбира, благодарение на
нивното историско паметење грците – исто како и албанците – се
свесни за бугарскиот етнички карактер на Вардарска Македонија во
минатото и неговата еволуција во последните децении.


И покрај тоа, што грчките проблеми во билатералните односи со
Република Македонија бележат низа битни разлики од бугарските,
Грција е не помалку заинтересирана Република Македонија да
ги прифати современите европски стандарди за добрососедски
односи. Бугарија и Грција можат да придонесат (вклучително
и заеднички) за оваа насока во процесот на подготовката на
Република Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО. Посебно:


1.3.1. Бугарија и Грција би можеле да инициираат во рамките
на Европската Унија разработката и прифаќање на соодветно
acquis communautaire во областа на образованието, кое да
овозможи одреден општ стандард на објективност во школското и
академското образование по историја.


Што се однесува до потомците на македонски бугари што денес
се наоѓаат во Грција (после неколкукратнa договорена или
дефакто размена на население меѓу Бугарија и Грција во минатото,
за последен пат по Втората светска војна), преовладувачкото
мнозинство од нив се самоидентификуваат етнички како грци,
одреден број како етнички бугари, а други како етнички македонци.
Во склад со грчкото правно законодавство (кое во однос на
малцинствата се одликува од тие на Република Македонија и
Албанија) и сегашната договорна база на билатералните односи
меѓу Грција и Бугарија, малцинствената тематика не е актуелна на
ниво меѓудржавни односи, а треба да се разгледува поточно како
применување на специфички права на граѓани на Европската Унија.


Во заклучок, како член на ЕУ и НАТО Бугарија има одредена
одговорност за развојот на добрососедските односи во процесот
на европската и атлантската интеграција на Западниот Балкан, кое
бара одредени решенија и дејства. По датата 1 јануари 2007 нема
како да биде аргументирано било какво и да е забавување или
абдикација од оваа национална одговорност, уште повеќе, имајќи
го предвид значајниот политички, финансиски и друг ресурс со
кој денес располага Бугарија како земја членка на ЕУ и НАТО, со
стабилна економија и влијателни сојузници и партнери. Отпадна
и досегашното оправдание дека целото внимание и национален
ресурс беа мобилизирани за внатрешни реформи и за европското
и атлантското интегрирање на земјата. Бездејноста на одговорните
бугарски институции не само би била на сериозна штета на
бугарскиот национален интерес, туку би легитимирала, толерирала
и по суштество поттикнала антибугарскиот македонизам со
неговите политики и практики од минатото, кои немаат место во
евроатлантското семејство од нации.



2. План за дејствување


2.1. Рамка


Практичката реализација на една нова бугарска политика во однос
на Република Македонија го бара разработувањето и прифаќањето
на план за дејство со јасно дефинирана рамка, која да определи:


2.1.1. Инструментите за применувањето на бугарската политика
(институции како министерства, државни агенции, општини,
амбасади, исто и научни установи, лобисти, политичари и др.);


2.1.2. Конкретните чекори, кои ќе бидат преземени за достигнување
на поставените цели;


2.1.3. Формата под која бугарските државници и политичари би
требало да ги изложуваат јавно штетите што произлегуваат од
политиката на Република Македонија и за време на своите посети
таму или на меѓународни форуми да повторуваат барањата на
Бугарија за одржување на добрососедски односи;


2.1.4. Неопходниот политички и финансиски ресурс, кој ќе треба
да се инвестира за лобирање на меѓународна поддршка и за
спроведување на отворена и активна кампања спроти негативната
пропаганда во Република Македонија;


2.1.5. Приоритетните цели од наведените, во склад со ресурсите,
неопходни за нивното постигање и нивното значение за промена
на негативните ставови присутни меѓу повеќе граѓани на Република
Македонија.


2.2. Дејности


Предложените основни елементи на бугарската политика спрема
Република Македонија дефинираат едно битно преосмислување на
целиот спектар на бугарските надворешнополитички односи, при
што проблематиката „Бугарија – Република Македонија“ да биде
вплетена со звучењето на овој нацрт:


2.2.1. На прво место, неопходна е солидна внатрешно-бугарска
подготовка на еден пакет од историски, културни, политички,
географски, етнографски, економски и други аргументи во
корист на горенаведените тези, пакет, кој би станал база за
надворешнополитичката позиција на земјата. За целта постојат
доволно претпоставки, како од пред 1989 година, така и од поново
време. Водечко во пакетот следува да биде позитивниот однос кон
Република Македонија, основан на разбирањето дека една млада
држава има перспектива за развиток стапувајки на конструктивни
активности и достигнувања по своето создавање, без да бара
поткрепа во некакво измислено минато.


2.2.2. Овој бугарски пакет треба да биде добро балансиран со
конзистентната политика на Атина за заштита на грчките интереси
од недобрососедска политика на Република Македонија, така што
општото применување да биде кооперативно спрема Скопје, а
по можност – кумулативно и координирано. По однос на Грција
треба да се истакне долгиот и тежок бугарски период на транзициjа
при која националниот политички ресурс беше приоритетно
ориентисан кон постигање на целосното членство на земјата
во НАТО и ЕУ, како причина на досегашната бугарска пасивност
кон недобрососедската политика на Република Македонија.
Не се наметнува да се бара некаква посебна база за соработка
со Грција освен регионалните одговорности на двете земји
како членки на ЕУ и НАТО и примена на европските стандарди
спрема Скопје. Сeпак, бугарската позиција кон Република
Македонија би била попринципна и силна, ако во даден момент
се случи грчките претензии кон Скопје да се противречливи
со европските стандарди, Бугарија да поткрепи позицијата на
Република Македонија. Не треба меѓународната јавност, а и
јавноста во трите земји, да останат со впечаток дека бугарскиот
надворешнополитички инструментариум по однос на Република
Македонија е реплика, имитација на грчкиот.


2.2.3. Шеснаесет години после признавањето на суверенитетот
на Република Македонија веќе е време конечно да се надживее
патерналистичкото третирање на помалата соседна држава, како и
да се потврди категоричката позиција на Бугарија дека не се можни
територијални претензии од страна на Софија, која е член на НАТО и ЕУ.


2.2.4. Клучната дипломатска концепција треба да биде
интегрирањето на Западниот Балкан во ЕУ и НАТО како повод за
приопштувањето кон бугарската нација на бугарите од Република
Македонија, Србија, Албанија и Косово, со достигање на бараниот
стандард за национални и етнички малцинства во рамките на ЕУ.


2.2.5. Новата бугарска активност треба претходно да биде
подготвена врз основа на критичка анализа на Декларацијата
од 1999 година и нејзината примена и со образложението за нас
самите на една целосна концепција за иднината на нашите односи
со народот и државата на Република Македонија, сето тоа гледано
преку очекувањата за коректни и позитивни односи со Република
Македонија како идна земја од НАТО и ЕУ. Ова наметнува целосно
и спокојно координирање на бугарските позиции со САД и другите
сојузници од НАТО и ЕУ, започнувајки со најбитните меѓу нив, а
потоа при позитивни реакции – и со поспецијалните случаи какви
што се Грција и другите релевантни балкански земји: Романија,
Кипар, Словенија и Турција. Соодветно внимание треба да им
се обрне на земји како Полска, Словачка и Чешка (а донекаде и
Русија), чии политичари и научници давале некаква поддршка на
југословенските разбирања за македонското прашање. Во крајна
сметка, за секоја држава со која имаме дипломатски односи е
неопходно разработувањето на специфички приод за нејзиното
присоединување кон бугарската теза.


2.2.6. Неопходно е максимално широко популаризирање на
нашата верзија во европскиот медиумски простор, вклучително
со користење на познати за просечниот граѓанин на ЕУ примери
како Германија и Австрија, или Романија и Молдавија, каде
изградувањето на нови нации на базата на самостојно државно
постоење не е придружено со негативизам од македонистки тип.


2.2.7. Неопходен е и постојан притисок по конкретни поводи во
меѓународни правобранителски институции, вклучително преку
невладини организации, кои се ангажирани со прашањето.


2.2.8. Детално „досие” треба да ги опише долгогодишните
опструкционистки дејства на Скопје, кои го спречуваат развојот на
конструктивни врски и покрај добронамерната нагласа на Бугарија.


2.2.9. Посебно, да се истакнат и конкретните дејства и настани,
поттикнале Бугарија да ја активира својата критичка позиција
спрема Република Македонија.


2.2.10. Добро е да се разјаснат и врските на истакнати претставници
на елитата на Република Македонија, кои работаат за влошување
на односите со Бугарија, кои одржуваат контакти и врски со
специјалните служби на Милошевиќ од блиското минато, како и со
антидемократските кругови во Србија денес.


2.2.11. Како земја донор за Целите на илјадолетието за развојот на
ООН, Бугарија реши да сосредоточи одредени напори и ресурси
во неколку приоритетни земји бенефициенти меѓу кои е вклучена
и Република Македонија. Во рамките на оваа помош (за која ќе
се оддели 0,17% од бруто домашниот производ во 2010 и 0,33%
во 2015), Бугарија да разработи посебна програма со која да
даде на Република Македонија корисно искуство, потпомагање
и партнерство во реформите и евроатлантската интеграција.
Уште повеќе дека граѓанскиот сектор во земјата, локалната власт,
администрацијата и бизнисот натрупаа уникатно искуство од
подготовката за присоединување кон ЕУ, искуство, кое е апсолутно
релевантно за условите и почетната положба позиција на земја како
Република Македонија (и некои други земји во Западниот Балкан).
Една ваква помош е стратешка инвестиција за добрососедските
односи и неразбирлив би бил пропустот да се остави таа на други.


2.2.12. Во рамките на општата практика за издавање визи на ЕУ
да се откријат сите можни олеснувања за пристап во Бугарија на
граѓаните на Република Македонија, при што бугарскиот визен
режим за нив како минимум да биде не помалку либерален од
грчкиот. Олеснување на прекуграничните врски и соработка со
отварање на повеќе гранични премини.


2.2.13. Да се создадат условите за зачувување и проширување опсегот
за школување во бугарски колеџи и универзитети на студенти од
Република Македонија; да се создадат соодветни форми за одржување
на понатамошни контакти меѓу и со нив, како природно бугарско
лоби во нивната земјата, и како пожелни потенцијални учесници во сe
попривлечниот бугарски пазар на трудот.


2.2.14. Да се изгради административен капацитет за полесно и убрзано
добивање на бугарско државјанство, а времетраењето на процедурата
се скрати од години на месеци. Бугарија одредено е на прагот на нова
етапа од својот социјално-економски и демографски развој, битна
карактеристика на која ќе биде предизвиканата од потребностите
на бугарскиот бизнис масовна имиграција во земjата – спонтана
или управувана преку проактивна политика на привлекување и
интеграција на имигранти. Бугарските државјани во Република
Македонија се битен природен ресурс во тој поглед. И се разбира,
бугарското државјанство на веќе значителен и зголемен број жители
на Република Македонија гарантира сите меѓународноправни основи,
Бугарија да интервенира и се грижи за нивните права и интереси.


2.2.15. Да се активира дејноста на Бугарскиот културно-
информативен центар во Скопје за популаризирање на бугарската
култура и политика во Република Македонија, со инвестирање
на неопходниот ресурс. Да се создадат бугарски културно-
информативни центри во Тирана и во Приштина.


2.2.16. Да се поттикне бугарскиот невладин сектор и бизнисот да
бидат партнери на жители на Република Македонија во нивните
локални иницијативи за бугарска културно-просветна дејност
(создавање на бугарски читалишта, клубови и др.) во различни
населени места на соседната земја.


2.2.17. Поткрепа на истакнатите културни, политички и медиумски
лидери на бугарската заедница во Република Македонија,
потпомагање популаризирањето на нивното дело и во двете земји.


2.2.18. Да се побара помошта на Бугарската православна црква, во
духот на нејзините историски традиции и можности, за допринос во
зближувањето на двата народи.


2.2.19. Нема сомневање дека во последните години еден од
најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи
е прашањето за регистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и
правобранителски организации како Хелзиншкиот комитет ја ставиа
оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печели.
Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува сe потешко
одбранлива теза, посебно после евентуелното членство на Република
Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред
сe правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би
биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение.


2.2.20. Независно каква политика спроведуваат владите на Бугарија
и Република Македонија, и во двете земји имало и ќе има слободни
интелектуалци, медии и граѓански групи, кои заштитуваат идеи,
кои немаат ништо општо со добрососедството. Овие локални
фактори имаат способноста да влијаат врз јавното мислење, да
формираат ставови кон соседот, а понекогаш да применуваат и
политичко влијание. Силата на најкрајните меѓу нив е во тоа, што
во национален контекст тие обично немаат опонент. Нивните идеи
се монологични, нема дијалог, полемика, судир на факти, аргументи
и интерпретации. Најлошото на оваа ситуација е дека широката
јавност во Бугарија и во Република Македонија не ги познава
причините, историјата и аргументите на другата страна. Со оглед
на една отвореност, добронамерност и подобро запознавање на
другиот, бугарската страна да инициира одржување на публични
форуми и дебати во Бугарија и во Република Македонија, со широк
одзвук во медиите, по сите спорни културно-историски теми.


Доколку Бугарија ја изгради својата политика спрема Република
Македонија на нивото на денешните предизвици – а би било
национална безодговорност да се пропушти сегашната историска
можност – ова условува и соодветната добра подготовка на
бугарската јавност, медии и официјални институции, која да ги
обезбеди поволните услови за успех.



Овие препораки се разработени под раководството

на вишиот стручен соработник д-р Љубомир Иванов,
Институт за математика и информатика,
Бугарска академиjа на науките (БАН);
Претседател, Фондација Манфред Вернер;
Претседател, Атлантски Клуб на Бугариjа

Со учество и придонес на:


Д-р Зоjа Андонова, Уредник, списание „Бугариjа Македониjа”
Амбас. Петар Атанасов
Доц. д-р Стојан Бараков, Правно-историски факултет, Југозападен
универзитет „Неофит Рилски”, Благоевград
Амбас. д-р Боби Бобев
Д-р Живко Георгиев, Директор стратешки истражувања, Фондација
Манфред Вернер
Проф. д-р Георги Даскалов, Историски факултет, Софиски
универзитет „Св. Климент Охридски”
Виш стручен соработник д-р Ангел Димитров, Институт за историjа,
БАН
Проф. д-р Божидар Димитров, Директор, Национален историски
музеј, Софиjа
Амбас. Евгениj Еков
Виш стручен соработник I ст. д-р Светлозар Елд’ров, Институт за
балканистика, БАН
Велjо Илиев, Кмет на град Петрич
Зорница Илиева, Виш експерт, Народно собрание
Амбас. Николај Колев
Акад. Константин Косев, Зам. Претседател, БАН
Марин Миланов, Експерт за европско интегрирање
Илиjа Митов, Политички анализатор
Доц. д-р Пламен Пантев, Директор, Институт за безбедносни и
меѓународни истражувања, Софија; Зам. Декан, Правен факултет,
Софиски универзитет „Св. Климент Охридски”
Д-р Георги Папакочев, Политички анализатор
Александар Попов, Виш експерт, Министерство за образование и
наука
Доц. д-р Антон Прванов, Факултет за меѓународна икономиjа и
политика, Универзитет за национално и светско стопанство, Софиjа
Амбас. д-р Валери Рачев
Надежда Стојанова, Програмски директор, Фондација Манфред
Вернер
Валентин Текелов, Експерт за Западниот Балкан
Мартин Траjков, Експерт за Западниот Балкан
Виш стручен соработник I ст. д-р Стефан Хаџитодоров, Научен
секретар, БАН
и др.



Изнесено на внимание

на надлежните бугарски институции

на 24 jануари 2008 година




Додаток
3AEДHИЧKA ДEKЛAPAЦИJA ж


на Mинистер-претседателот на Република Бугариjа

и Претседателот на Владата на Република Македониjа



Mинистер-пpeтceдaтeлот на Република Бугариjа
и Претседателот на Владата на Република Македониjа,


Поаѓаjќи од заедничкиот стремеж за развоj на
добрососедските односи меѓу двете држави,


Длабоко убедени во потребата од развоjот на соработката
врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање,
добрососедство и заемно почитување на интересите на нивните
држави и народи,


Убедени во необходноста од зацврстување на безбедноста
и мирот, соработката и довербата во Jугоисточна Европа,


Поаѓаjќи од определбите на двете земjи за интегрирање во
европските и евро-атлантските структури,


Веруваjќи дека конструктивниот диjалог во сите области
на билатералните односи, како и во однос на регионалните
и меѓународните проблеми, ќе придонесе за натамошно
унапредување на односите на двете земjи на рамноправна основа,


Почитуваjќи ги принципите на Повелбата на ООН и
документите на ОБСЕ, како и демократските принципи, содржани
во документите на Советот на Европа,


1. Jа изразуват своjата подготвеност и заедничката желба
за развоjот на севкупните односи меѓу Република Бугариjа и
Република Македониjа. Тие односи ќе се развиваат во согласност
со основните принципи на меѓународното право.


2. Двете страни ќе соработуваат во рамките на
Организациjата на Обединетите нации, Организациjата
за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа,
Инициjативата на НАТО Партнерство за мир, Мултинационалните
мировни сили на земjите од Jугоисточна Европа и други
меѓународни организации и форуми.


3. Двете страни ќе придонесуваат за развоj на соработката
меѓу земjите од Jугоисточна Европа, за унапредување на
разбирањето, мирот и стабилноста во регионот и при остварување
на регионалните проекти како елемент на процесот за создавање
на единствена Европа.


4. Двете страни ќе ги поттикнуват контактите и ќе
организираат средби меѓу претставниците на органите на
управата на различни нивоа, за развоj на приjателските односи и
соработката.


Тие ќе придонесуваат за поттикнување на контактите меѓу
невладините организации и граѓаните на двете земjи.


5. Имаjки jа предвид географската блискост, двете страни
ќе се стремат кон создавањето на неопходните правни, економски,
финансиски и трговски услови за обезбедување непречено
движење на капиталот, стоките и услугите. Тие ќе ги поттикнуваат
заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна защита.


6. Двете страни ќе го поттикнуваат зголемувањето на
туристичката размена, како и развивањето на соодветни форми на
соработка во областа на туризмот.


7. Двете страни ќе ги развиваат и усовршуваат
сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, како и во рамките на
регионалните инфраструктурни проекти.


Тие ќе се стремат кон олеснување на царинските и
граничните формалности за движењето на патници и стоки.


8. Двете страни ќе jа поттикнуваат активната и непречена
соработка во областа на културата, образованието , здравството,
социjалната грижа и спортот.


9. Двете страни ќе прават напори за слободен проток на
информации, преку поттикнување и развивање на соработката во
областа на печатот, радио и телевизиските емисии, со користење на
современите информативни средства.


Тие ќе се ангажираат во заштитата на авторските и
интелектуалните права на творците од двете земjи.


10. Двете земjи ќе jа унапредуваат соработката во правната
и конзуларната област и особено во областа на граѓанските,
казнените и административните прашања, со цел за олеснување на
патувањето и посетувањето на своите граѓани, како и за решавање
на нивните хуманитарни и социjални проблеми.


11. Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и
поддржуваат една кон друга деjствиjа и активности кои имаат
неприjателски характер.


Ниту една од страните нема да дозволи неjзината
териториjа да биде користена против другата од организации
и групи, кои имаат за цел извршување на субверзивни и
сепаратистички деjствиjа или деjствиjа насочени кон загрозување
на мирот и безбедноста на другата земjа.


Двете земjи немаат и нема да проjавуваат териториjални
претензии една спрема друга.


Република Македониjа изjавува дека ништо од неjзиниот
Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или
некогаш ќе претставува основа за мешање на Република
Македониjа во внатрешните работи на Република Бугариjа со цел
да го заштити статусот и правата на лица кои не се државjани на
Република Македониjа.


Двете страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување
на недобронамерената пропаганда од страна на институции и
агенции и нема да дозволат активности на приватни лица, насочени
кон поттикнување на насилство, омраза или други слични деjствиjа,
кои би наштетиле на односите меѓу Република Бугариjа и Република
Македониjа.


Потпишана во Софиjа на 22 февруари 1999 година, во два
оригинални примерока, секоj од нив на официjалните jазици на
двете земjи - бугарски jазик, согласно Уставот на Република Бугариjа
и македонски jазик, согласно Уставот на Република Македониjа, при
што двата текста имаат еднаква важност.



ЗА РЕПУБЛИКА БУГАРИJА                        ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJA


ИВАН КОСТОВ                                            ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ
Министeр-претседател                                 Претседател на Влада



__________________
ж   Заедничката Декларациjа од 1999 е потвърдена со заеднички меморандум
     подпишан од Бугариjа и Република Македониjа во Софиjа на 22 jануари 2008
     година.



ПОТВРДИ



Крсте Мисирков (1874 -1926), прогласен за најзначајната личност од ХХ век
за Република Македониjа:


[Илинденското востание] од самиот почеток е поставено на лоша
основа: не е общомакедонско, туку е парциjално, и има бугарска
боjа. Во него имаат раководна улога само Македонските Словени
што се викаат Бугари.


Тоа беше и е работа на егзархистите, коишто се величаат „Бугари”,
па следствено, тоа е бугарски маневар за да се реши македонското
прашање само во бугарска полза; тоа е да се создаде една
„Бугарска Македониjа”. (За Македонските работи, 1903)


Ако тоа би го посакала среќната судбина, Симеон и Самуил да
владеат долго време, под авторитетот на бугарската држава ... овие
бугарски царови да ги обединат политички и културно jужните
Словени ...


Земjите, кои се населени со бугарска народност, од дамнешни
времиња постоjат како огниште на словенската просвета; оттука
во текот на векове црпеле духовна храна и српската и руската
народност. Бугарскиот народ има огромни културно-историски
заслуги кон словенството. (Македоно-Одрински преглед, броj
34 -35, 1907)


Се нарекуваме ли ние Бугари, или Македонци, ние секогаш се
сознаваме како одделна, единна, совршенно одлична од Србите и
со бугарско национално сознание народност. (Весник 20 Jули,
11 маj 1924)


Љубчо Георгиевски, Премиер на Република Македониjа (1998 -2002):
Нема да кажам некoja нова вистина ако го спомнам фактот дека и
Гоце Делчев и Даме Груев и Ѓорче Петров и Пере Тошев и треба ли
сите да ги редам и да ги бpojaм, дека биле учители на бугарската
егзархија во Македонија ... [Гоце] се враќа во Македонија како
бугарски егзархиски учител каде мегу другото на децата им
предавал како мајчин (бугарски) јазик.


Партение Зографски и Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски и
Браќата Миладинови и Григор Прличев и Кузман Шапкарев и Марко
Цепенков (и уште колку ли други!?), секаде каде што пишувале
за свojoт мaјчин јазик или, пак, за реформите на тој јазик, секаде
зборуваат како за бугарски јaзик. (Весник Пулс, 7 и 14 jуни 1995)



БЛАГОДАРНОСТИ


Обjавено
со љубезна поддршка
на
Националниот историски музеј во Софиjа
Фондациjа Браќа Бобокови
Фондациjа Наука и Високи Технологии
Николаj Гигов
Румен Иванов
Стефан Лазаров
Петар Манџуков

К’нчо Стоjчев



ФОНДАЦИЯ МАНФРЕД ВЬОРНЕР MANFRED WÖRNER FOUNDATION



БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА СПРЕМА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА

Прво издание
ISBN 978-954-92032-2-6
Автори: Љубомир Иванов и др.
Дизаjн: Тодор Варџиев
Претпечат: Дабл Т
Печатено во Бугариjа
од Издавачка куќа НИ Плус
© Фондација Манфред Вернер
Криејтив комонс лиценца Наведи извор 3.0