Житие на Константина (Панонски легенди)

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ“
Житие на Константина

... Во градот Солун имаше еден маж од благороден род и богат, по име Лав, којшто заземаше чин на друнгариј потстратег[1]. Тој беше правоверен и праведен исполнувајќи ги во потполност сите божји заповеди, како некогаш Јов. Живеејќи со својата жена, изродија седум деца. Седмото, најмалото дете, беше Константин Филозоф, наш учител и наставник. Кога го роди мајка му, и го предала на доилката да го дои, но детето не сакало да фати туѓа цицка, освен мајкината, сè додека не било надоено. А тоа било Божја промисла, - детеото изгледано со чисто мајкино млеко, да биде добар никулец од добар корен. Потоа, овие добри родители во согласност живееја четириесет години водржувајќи се, како брат и сестра, само за Господа и никако не го престапија овој завет, сè додека не ги раздели смртта. Кога дојде време таткото да оди на Суд[2], мајката плачеше над детето, велејќи: „За ништо не се грижам, само за ова дете, како ќе се изгледа“. А тој ѝ рече: „Верувај ми, жено, се надевам на Бога дека тој ќе му испрати татко и таков воспитувач што ги поучува сите христијани“.[3]

Кога го дадоа да се школува, напредуваше во учењето побргу од сите ученици, така што сите му се чудеа на сфаќањето и на големиот успех во вештините.

Но еден ден, заедно со синовите на богатите, кои имаа обичај да се забавуваат со лов, излезе и Константин в поле и си го зеде својот сокол. Кога го пушти, по Божја волјасе крена ветер, го зафати соколот и го однесе. Оти Господ милослив, со своето човекољубие, го начека и го улови, не сакајќи овој да се навикнбе на животни задоволства. Како некогаш што беше уловен Плакид[4] во лов на елени, така и овој со помошта на сокол. Размислувајќи за суетата на овој живот, момчето се покаја и рече: „Таков ли е овој живот, та место радост, жалост има во него?“ Од денеска ќе тргнам по друг пат, подобар од овој, нема да ги трошам деновите во тревогите на овој живот. Па се зафати со наука, седејќи дома и учејќи ги напамет книгите на Свети Григориј Богослов...

... Кога навлезе во многу беседи и голема мудрост, а не можеше да ја сфати нивната длабока смисла, западна во голема тага. А баш тогаш се најде некој туѓинец, кој добро знаеше граматика, па дојде кај него и го замоли, паѓајќи му пред нозе и предавајќи му се:

„Биди добар и научи ме на граматичка вештина.“

Но тој беше ја закопал својата дарбам па му рече:

„Момче, не мачи се. Заречен сум веќе никого да не учам во животот мој.“ А момчето пак му се клањаше и го молеше со солзи: „Земи го сиот мој дел што ми паѓа од куќата на татко ми, само научи ми.“ Бидејќи овој не сакаше ни да го чуе, момчето отиде дома и усрдно се молеше да му се исполни желбата на срцето негово.

Господ набргу ја исполни желбата на оние што се плашат од него. За неговата убавина, бистрина и прилежност во учењето, беше дочул царскиот управител, нарелен логотет, па испрати по него за да учи заедно со царот. Момчето кога чу, радосно тргна на пат...

Наводи

  • Д-р Рада Угринова, Примери од литературата, Скопје, Македонија, 1993.

Забелешки

  1. Друнгариј, потстратег е византиски воен заповедник кој е непосредно потчинет на заповедникот на воената област - тема.
  2. на смртна постели, Суд божји
  3. Византискиот цар тогаш се сметал за идеален владетел на сите Христијани
  4. Плкид, личност од источна историска легенда, спред која Плакид бил преведен во христијанството со помошта на некое чудо во кое е замешан и елен.