Среде поле, в долот зелен
од ангели добри полн-
се креваше, ко горд елен,
дворец, чиниш сретнат в сон.
И Мислата тука била
сама крал,
над двор ваков ангел крилат
досега не застанал.
Над стреи се извишило
знаме славно, горд, злат страж.
(Тоа - сето - дамна било,
некогаш,)
Секој повеј што се меткал
во тој ден и благ и жви,
преку ѕидот, ко низ ветка,
си одлетал миризлив.
Патникот што мина тука,
в окна наѕира сјаен лач,
харфа, сеништа и бука
виде овој минувач -
виде среде таа врева
кралски трон,
на кој славен, в сјај се слева
достоинствен, смирен Он!
Сè од бисер и рубини
беше влезот на тој двор,
преку него мина, чиниш
џган од Еха, беспрекор,
должни вечно да го слават
својот крал,
гласно в песни да го слават
ум и младост што им дал.
Туку грди, црни злости
го скршија кралот в миг.
(Леле! Смртта ќе го вкости
до утре тој самотник!)
Палатата в миг ќе втоне
в заборав -
Место цут и блесок сонет,
минато и темна прав.
И сите што таму минат,
наѕираат в окна пак.
Сеништа ќе видат, чинат,
песни, игри в свиен лак;
Туку, чунки река, сега:
бучав бран!
Вон од дворот јури, бега
расклештена без смев џган.