Прејди на содржината

Едгар Алан По/ На мајка ми

Од Wikisource

„На мајка ми“

од Едгар Алан По

Ангелите што спешат в рајот красе,
да најдат нема за љубовта збор свет,
ко зборот мајка, нежност преполнет,
ко зборот мајка, збор божествен и јасен.

Па, затоа кон Вас сум толку гласен -
за мене бевте повеќе од мајка в свет,
по Смртта сте ми копнеж, в срце засолнет,
да ми го смири в пранги духот страсен.

Си ојде рано мајка ми во гробна мрака,
ми беше мене мајка, вие сал
сте мајка на Онаа што ја сакав,

та, затоа за мене сте најскап идеал,
неизмерно свиден, неизмерно драг,
ко ликот Нејзин чинам, нежен, питом, благ.


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.