Прејди на содржината

Едгар Алан По/ Ленора

Од Wikisource

„Ленора“

од Едгар Алан По

Ах, пехарот е скршен злат! И летна духот в миг!
Дај, бијте ѕвона, бидејќи она плови во реката Стиг!
Па, сломен сет, бессолзен, клет, ти покров фрли згора
врз ковчегот бел што ти ја зел љубената Ленора!
И нека вчас со жален глас закопни звуци се вдадат!
Низ псалми ти разнесуј стих, за смртта нејзина бладај!
за смртта која смрт е двојна, бидејќи умре млада!

О, луѓе зли, сакавте ли горд човек или злато!
Та, пекавте, дочекавте в смрт да го најде патот;
Па како сега болно и немо да јачи реквиемот,
од сите вас, од очи - мраз, од зборој срце што јадат,
та одеднаш да мрее дваж и невина и млада?

Paccavimus; о, доста, нека загрми празнична песна
и нека тогаш, дури до бога да втаса ко олесница!
Ленора свидна пред време бидна на небото прелесница.
А тоа дете, најлично цвете, твојата, љубов ветена,
што овој час лежи пред нас бескрилна, нерасцветана
и живот нови в руси си коси, преливи, зларни сочи,
ко божем таму животот самува а молчи в студни ѝ очи!

Врвете си! Одете си! За злости нејќам да знам.
Ниту за страд, ни жал, ни јад! Сал ќе ја воспевам.
Ај, нелипај, ај запри дај, можеби среќна е она
крај Божји трон, и нека вон не бијат тажни ѕвона; -
Да можев јас би бегал вчас од овој проклет свет,
но, ноќва плач ми полни глас, тој плач е нем и клет
а ангел бдеач пее крај неам вардејќи ја во лет!


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.