Прејди на содржината

Едгар Алан По/ Израфел

Од Wikisource

„Израфел“

од Едгар Алан По
„И ангелот Израфел, чии струни на срцето
се харфа и кој има посладок глас од сите
божји созданија.“
- Од Коранот

На небо дух си живеел,
в срце со харфини струни;
На секој слухот му го зел
тој ангел Израфел.
Ѕвездите в немирот свој
молкнат, штом запее тој
со сладок глас што ѕуни!

Месецот, љубовно луд,
ликот го менува веднаш;
божем го обзема студ.
Молњата згаснува леднам
(ѕемне Плеадата бледна,
со седум ѕвезди в ред)
додека втренчена, жедна
на сводот темнее глед.

Ѕвездите немеат в унес,
плах им е погледот збунет;
знаат, со огнена страст
Израфел пленува вчас, -
Израфел, ангелот знаен,
со срце - трепетна лира,
пее низ бескрајот траен
и нигде нема мира!

Но, сводот тој ко улав ат,
кај сè се стемни в миг,
кај љубовта е божји лик,
Хуриите кај секаат,
го згази, впи сè убост што е,
сред сјаен, чуден ѕвезден роеж.

Сепак, ти не си крив,
Израфел, оти презре вчас,
песна без дух и страст;
Лаврите тебе! О, горделив
и мудар бард, со весел глас, -
Пеј песни, вечно биди жив!

А занесот твој горе, знам,
со твојот огнен дух е в склад,
со твојот бол, со твојот јад,
со љубов, омраза, со плам
со чудна харфа што ти гори
и неми ѕвездине ги стори.

Знам, сводот твој е, туку сет
свет е наш, и грд и драг.
И цветот наш е само цвет!
А твојата е сенка вред
наш сончев зрак

Да бев јас - ти, а ти, пак, - јас,
ти не би влеал толку страст
и толку дива средба бесна
в твојата простосмртничка песна,
дури по сводот твој се шират
посмели звуци од мојата лира!


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.