Прејди на содржината

Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Зографов (9/3/1897)

Од Wikisource
Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов
9 март 1897(с.с.)
од Гоце Делчев
21 март 1897(н.с.)
Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов, 9 март 1897г.


Скенирана верзија на писмото

Содржина на писмото

[уреди]
Никола,овде го приклучувам од вас бараното полномошно.Како што гледаш, самото полномошно е во многу стеснета форма, кога за поттикнување на другарите требаше нешто поопширно. Но за жал листот е во многу мал формат. При покажувањето на листот внимавај да не попадне на слаби очи со тесна памет, па наместо веѓи да вадиме очи.Вчера испратија една сума од околу двесте или двесте и педесет не паметам, наедно со нив и мартинки, гледајте повеќе од сто да пренесете во Паланечко. Нема сомнение, ќе има некоја пратка и во Кочанско преку Сажденик. Овие денови мислам да одам накај Тракиско, но пред да тргнам ќе пратам една голема кутија, која ќе ја препратиш во Гилани неодложно. Ќе пратам уште еден револвер со сто патрони за Груев и две ками - едната за Пелаги во Радович,а другата за Груев. По моето тргнување одовде ќе им пишеш на браќа Иванови да ме известат дека има соопштение од Куманово дека досега не бил пренесен целиот динамит, а само осумстотини и седумдесет и четири кила, и дека добро ќе биде да заминам во Србија. Освен тоа во истото писмо ќе ме известиш дека досега целиот прав е потурен, но сто кила помалку отколку што јас сум ти пишал, то ест наместо седумстотини и осумдесет и две , само шестотини и седумдесет и две кила. Ако има некои писма, препрати ги неодложно.

Извор

[уреди]
  • Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.34-35 Издавач Култура 1972.