Гоце Делчев/ Писма/ Гоце Делчев до Никола Зографов (6/5/1901)

Од Wikisource
Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов
6 мај 1901(с.с.)
од Гоце Делчев
18 мај 1901(н.с.)
Писмо од Гоце Делчев до Никола Зографов, 6 мај 1901 г.


Скенирана верзија на писмото

Содржина на писмото[уреди]

Никола, досега не сум ти пишал зашто и самиот не сум си определил што може да се прави за понатаму. Пријателите што се таму исклучувајќи ги неколцина, ќе се поканат на приватна работа . А ти засега направи го следното: направи еден список на материјалот што е во сопственост на Внатрешната организација, како на пример бомби и разни инструменти, правот, разни патрони, револвери и сите пушки вратени од четите, за да се знае со што располага Внатрешната организација, без да се обраќа кон овдешниот комитет, и друг еден список на оние материјали што се споственост и со кои располага овдешниот комитет. Следниот список ќе ти послужи при напаѓањето на материјалите. На материјалите, и на луѓето од комитетот, кои ќе дојдат скоро кај тебе. А пак првиот ќе ми треба мене за да знам што има Внатрешната организација на свое располагање. Воопшто направи едно разграничување на материјалот (на овдешниот комитет и на Внатрешната организација ). Човек што ќе те замени тебе, уште не сме определиле.Есента беше поминала четата, со која беа и Атанасовци, Пазарџиклијата и Градоборлијата преку Црварица. Таму тие ги оставиле своите пушки, меѓу кои имало и две грчки (едната средна пионерка и другата долга), кои биле сопственост на двајца од четниците, и тоа првата на Атанас Димитров, а втората на Пане Петров. Овие луѓе сакаат да им се купат. Гледај дали се одбележани во списокот што ти го оставиле, па после пиши во комитетот, за да им се исплатат и да станат сопственост на комитетот. Овде Атанасовци тврдат дека споменатите пушки биле навистина нивна сопственост.

Извор[уреди]

  • Гоце Делчев том II Гоце Делчев преписка редакција Христо Андонов - Полјански стр.117-118 Издавач Култура 1972.