Прејди на содржината

Втора книга летописи/ 9 глава

Од Wikisource

8 глава Втора книга летописи
9 глава
од н.п.
10 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Тогаш царицата на Сава чу глас за Соломона; сакајќи да го искуша Соломона со гатанки, дојде во Ерусалим со многубројна придружба и со камили што носеа мириси, многу злато и бесцени камења. Откако дојде кај Соломона, поразговара со него за сè што и беше на срце.
  2 Соломон и одговори на сите прашања; ништо не му беше скриено на Соломона, за да не би умеел да и објасни.
  3 Кога царицата од Сава ги виде: неговата мудрост, дворецот што го беше изградил,
  4 јадењата на неговиот стол, седењето на неговите слуги и дворници, отменоста на неговите прислужници и нивните облеки, неговите виноподнесувачи, и неговите паленици кои ги принесуваше во Господовиот Дом, и застана здивот.
  5 Тогаш му рече на царот: „Вистина е што чув за тебе и за твојата мудрост во својата земја.
  6 Ама не сакав да верувам во тоа што се раскажува додека не дојдов и видов со своите очи; и навистина, не ми беше речено ни половина за твојата голема мудрост; го надмина гласот што го чув.
  7 Блазе им на твоите луѓе и на твоите слуги, кои стојат пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!
  8 Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кому му омиле толку па те поставил на Својот престол за да царуваш место Господа, својот Бог, зашто твојот Бог го љуби Израел за да го одржи довека; и затоа те постави тебе за цар за да правиш право и правда.”
  9 Тогаш му даде на царот сто и дваесет златни таланти и многу мириси и бесцени камења. Никогаш веќе немаше такви благомириси какви што царицата од Сава му даде на царот Соломон.
10 Хирамовите слуги, кои донесуваа злато од Офир со Соломоновите слуги, исто така донесоа сандалово дрво и скапоцени камења.
11 Царот направи од тоа црвено дрво скали кон Господовиот Дом и кон царскиот дом, и гуслиња и псалтири за певците: никогаш порано не беа видени слични работи во Јудејската Земја.
12 Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што пожела и што посака, освен она што самата му го донесе на царот. Потоа таа тргна и со слугите си отиде во својата земја.
13 Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,
14 освен она што доаѓаше од трговците и од патувачките продавачи. И сите арабјански цареви и земни управители му донесуваа злато и сребро на Соломон.
15 Царот Соломон направи двеста штитови од ковано злато: за секој штит употреби шест стотини шекели ковано злато,
16 и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши триста златни шекели. Царот ги стави на чување во куќата наречена Ливанска Гора.
17 Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.
18 Престолот имаше шест скали и златно подножје составено со престолот, и рачки од двете страни на престолот, а покрај рачките стоеја два лава.
19 Дванаесет лавови стоеја од двете страни на оние шест скали. Такво нешто не беше изработено во ниедно царство.
20 Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа златни, и сите посатки во куќата наречена Ливанска Гора беа од чисто злато; среброто беше сметано безвредно во Соломоновото време.
21 Царевите бродови одеа од Тарсис со Хирамовите слуги; се враќаа секоја трета година и допловуваа тарсиските бродови донесувајќи злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
22 Така царот Соломон ги надмина со богатство и со мудрост сите земни цареви.
23 Сите земни цареви имаа желба да го видат Соломона и да ја чујат мудроста што Бог му ја влеал во срцето.
24 Секој му донесуваше подарок, сребрени и златни посатки, облеки, оружје и мириси, коњи и мазги, од година во година.
25 Соломон имаше четири илјади коњски јасли и бојни коли, и дванаесет илјади коњаници, кои ги распореди по градовите на бојните коли и кај царот во Ерусалим.
26 Владееше над сите цареви од Реката до Филистејската Земја и до Египетската Меѓа.
27 Царот направи да има во Ерусалим сребро како камења, а кедрови дрва како диви смокви што растат во Јудејската Низина.
28 Соломон довезуваше коњи од Египет и од сите земји.
29 Другите Соломонови дела, од првите до последните, се запишани во книгата на пророкот Натан, во пророчкиот книжен свиток на Силомјанецот Ахиј и во пророчката беседа на гледачот Идо за Наватовиот син Јеровоам.
30 Соломон владееше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години.
31 Потоа почина кај татковците, и го погребаа во градот на татка му Давида, а на неговото место се зацари син му Ровоам.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse