Прејди на содржината

Втора книга летописи/ 11 глава

Од Wikisource

10 глава Втора книга летописи
11 глава
од н.п.
12 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Откако дојде во Ерусалим, Ровоам го собра сиот Јудин и Венијаминов дом, сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да удрат на Израел и за да му го вратат царството на Ровоама.
  2 Но Господовото слово му дојде на Божјиот човек Семај:
  3 ”Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, јудејскиот цар, и на сите Израелци во Јудиното и Венијаминовото племе:
  4 ’Господ вели вака: „Не одете да војувате со браќата! Нека секој се врати во својата куќа, зашто ова потекнува од Мене.”‘“ И тие го послушаа Господовото слово, се вратија, и не удрија на Јеровоам.
  5 Ровоам, престолувајќи во Ерусалим, почна да подига цврсти градови по Јудеја.
  6 Така ги изгради: Витлеем, Етам, Текуј,
  7 Вет-Сур, Сохот, Одолам,
  8 Гат, Мариса, Зиф,
  9 Адораим, Лахис, Азика,
10 Сараја, Ејалон и Хеврон, тврди градови во Јудиното и во Венијаминовото племе.
11 Откако ги утврди градовите, им постави заповедници и довлече храна, масла и вина за чување;
12 во секој одделен град стави штитови и копја, и ги утврди мошне силно. Така тој ги имаше Јудиното и Венијаминовото племе.
13 Свештениците и левитите, кои беа по сиот Израел, пристапија кон него од сите краишта.
14 Левитите ги оставија пасиштата и имотот та отидоа во Јудеја и во Ерусалим, зашто Јеровоам и неговите синови ги отфрлија за да не Му вршат свештеничка служба на Господа,
15 а постави свештеници за себе на високи места, за јарците и за телињата што ги направи.
16 По нив доаѓаа од сите израелски племиња во Ерусалим за да Му жртвуваат на Господа, на Бога на своите татковци, оние кои го бараа со срцето Господа, Израелевиот Бог.
17 Така го утврдија Јудејското Царство и го охрабрија Соломоновиот син Ровоам за три години, зашто три години одеа по патот на Давид и Соломон.
18 Ровоам си ги зеде за жени: Маелета, ќерката на Давидовиот син Еримот, и Авихаила, ќерката на Јесеевиот син Елијав,
19 која му ги роди синовите: Еус, Самариј и Зама.
20 А по неа се ожени со Авесаломовата ќерка Маха, која му ги роди: Авиј, Атај, Зива и Селомит.
21 Ровоам ја љубеше Авесаломовата ќерка Маха повеќе од сите свои жени и соложнички, иако зеде осумнаесет жени и шеесет соложници и ако му се родија дваесет и осум синови и шеесет ќерки.
22 И Ровоам го постави Махиниот син Авиј за главатар и за кнез над неговите браќа, зашто беше наумил да го постави за цар.
23 И, работејќи мудро, ги размести синовите по сите Јудејски и Венијаминови краишта, по сите тврди градови, давајќи им храна во изобилство и женејќи ги со многу жени.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse