Прејди на содржината

Втора книга Самоилова/ 8 глава

Од Wikisource

7 глава Втора книга Самоилова
8 глава
од н.п.
9 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце.
  2 Ги порази и Моавците и ги измери со јаже, откако ги полегна по земјата: измери две јажина од оние што треба да бидат погубени, а едно цело јаже од оние што треба да бидат оставени живи. Така Моавците станаа Давидови поданици, кои му донесуваа данок.
  3 Давид го порази и Адад-Езера, синот Реовов, совскиот цар, кога излезе да ја прошири својата власт до Реката.
  4 Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто.
  5 Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе.
  6 Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.
  7 Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.
  8 Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.
  9 Кога ематскиот цар Тој, чу дека Давид ја порази сета Адад-Езерова војска,
10 му го испрати својот син Јорам на Давида за да го поздрави и за да му честита зашто војуваше против Адад-Езер и зашто го порази, зашто Адад-Езер беше во војна со Тој; Јорам донесе сребрени, златни и бронзени предмети.
11 И нив царот Давид Му ги посвети на Господа со среброто и златото што го беше зел од сите народи кои ги покори:
12 од Сиријците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците, и од пленот на Адад-Езер, синот Реовов, царот на Сова.
13 Давид придоби нова слава кога на враќање ги порази Едомците, во Солената Долина, нив осумнаесет илјади.
14 И постави управители во Едом, и сите Едомци станаа Давидови поданици. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.
15 Давид царуваше над сиот Израел правејќи му правда и праведност на сиот свој народ.
16 Јоав, синот Серуин, заповедаше со војската, а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец.
17 Садок, синот Ихитовов, и Ахимелех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар;
18 Венај, синот Јодаев, им заповедаше на Херетејците и Фелетејците; а Давидовите синови беа главни управители.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse