Прејди на содржината

Втора книга Мојсеева/ 1 глава

Од Wikisource

нема Втора книга Мојсеева
1 глава
од Мојсеј
2 глава


 1 Ова се имињата на Израелевите синови, кои слегоа со Јакова во Египет, секој со своето семејство:
  2 Рувим, Симеон, Леви и Јуда;
  3 Исахар, Завулон и Венијамин;
  4 Дан и Нефталим, Гад и Асир.
  5 Вкупно беа седумдесет души Јаковови потомци. А Јосиф веќе беше во Египет.
  6 И Јосиф умре, а изумреа и сите негови браќа и целото тоа поколение.
  7 Ама Израелците беа родни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата.
  8 Тогаш во Египет завладеа нов цар, кој не го познаваше Јосифа.
  9 И тој му рече на својот народ: „Ете, Израелевите синови станаа броен народ и посилни од нас.
10 Ајде, да постапиме мудро со нив: да им го спречиме растежот, за да не им се придружат на нашите непријатели во случај на војна, да не удрат на нас и на крај да си отидат од земјата.”
11 И поставија врз нив надгледувачи да ги измачуваат со тешки работи. Така му изградија на фараонот градови - складишта: Питом и Рамзес.
12 Ама колку повеќе ги измачуваа, тие уште повеќе се размножуваа, напредуваа и се ширеа, така што Египетците се плашеа од Израелците.
13 И Египетците се нафрлија жестоко на Израелците.
14 Им го загорчуваа животот со тешки работи: со правење на кал и плитари, со разни полски работи и со разновидни напори, што им ги наметнуваа немилостиво.
15 Египетскиот цар им се обрна и на еврејските бабици, од кои името на едната и беше Сепфора, а на другата Фуа, па им нареди:
16 „Кога при раѓањето им помагате на Еврејките, набљудувајте: ако е детето машко, убијте го; ако е женско, нека живее.”
17 Но бабиците се боеја од Бога и не правеа како што им нареди египетскиот цар, туку ги оставаа во живот машките деца.
18 Затоа египетскиот цар ги повика бабиците и им рече: „Зошто работевте така и ги остававте во живот машките деца?”
19 На тоа бабиците му одговорија на фараонот: „Еврејките не се како египетските жени. Тие се здрави. Тие веќе родиле пред да дојде бабицата кај нив.”
20 Бог го прими тоа за добро на бабиците. Народот се множеше и многу порасте.
21 А бидејќи бабиците се боеја од Бога, Тој им подари потомство.
22 Тогаш фараонот му нареди на целиот свој народ: „Фрлете го во Реката секое машко дете, што ќе им се роди на Евреите! Само женските деца оставете ги во живот.”

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse