Прејди на содржината

Викиизвор:Принципи и напатствија

Од Wikisource
Принципи на Викиизвор
Глобални принципи
Што не е Викиизвор
Игнорирајте ги сите правила
Принципи за содржина
Неутрална гледна точка
Проверливост
Без оригинално истражување
Биографии на живи лица
Работење со други
Учтивост
Без лични напади
Консензус
Разрешување на спорови
Повеќе
Целосна листа на принципи
Листа на напатствија

Викиизвор е заеднички проект и неговите основачи и корисници имаат заедничка цел:

Нашата цел со Викиизвор е да направиме слободна и релевантна (во смисол на вистинита) библиотека - навистина, најголема библиотека во историјата, и во ширина и во длабочина.

Викиизвор има некои принципи и напатствија што ни помагаат да работиме кон оваа заедничка цел. Некои од овие принципи сѐ уште еволуираат, додека другите се подолго време воспоставени и најчесто неконтроверзни.

Додека нашите принципи еволуираат, многу Викиизворнци сметаат дека пишаните правила се инхерентно неадекватни да ги покријат сите можни варијации на пореметувачко и злобно однесување. На пример, корисник кој постапува против духот на нашите пишани принципи може да биде строго укорен дури ако формално правилата не се прекршени.

Клучни принципи

[уреди]

Не е потребно да го прочитате секој принцип на Викиизвор пред да придонесете! Сепак, следниве се клучни кон продуктивно искуство на Викиизвор , и што побрзо се справите со нив, толку подобро.

  1. Викиизвор е библиотека. Нејзините цели не одат понатаму. Видете што не е Викиизвор за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)
  2. Избегнете пристрасност. Статиите треба да бидат напишани од неутрална гледна точка, која ги прикажува различните гледишта правично и со уважување.
  3. Не нарушувајте авторски права. Викиизвор е слободна библиотека која функционира според GNU Free Documentation License (на англиски). Поднесување на дело кое ги нарушува авторските права е закана за нашата цел да изградиме навистина слободна библиотека која секој може да ја редистрибуира, и може да доведе до правни проблеми. Видете Викиизвор:Авторски права за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)
  4. Почитувајте ги другите соработници. Соработниците на Викиизвор доаѓаат од различни земји и култури, и имаат многу различни гледишта. Третирањето на другите со почит е клучно за ефективно соработување при изградба на библиотека. За некои напатствија, видете Вики-етика (врска на англиски), Правила за однесување при конфликт (врска на англиски), Решавање на спорови (врска на англиски) .

Останати принципи и напатсвија

[уреди]

Врски кон различни принципи може да се најдат во следните категории:

Конвенции

[уреди]

Преку следење на следните конвенции можеме да направиме поконзистентна и покорисна библиотека:

Процедурални прашања

[уреди]

Како се усвојуваат принципите?

[уреди]

Најголемиот број Викиизвор-принципи се формулирани во раните денови на проектите, генерално пред крајот на 2002. Измените и дополнувањата се прават со консензус (врска на англиски), иако во пракса консензус за промена на политиката е навистина тешко да се постигне. Во многу случаи, принципот се развива неформално; пишаните принципи најчесто кодифицираат подолга традиција.

Исто така, видете Викиизвор:Како се создава принцип. (врска на англиски)

Како се спроведуваат принципите?

[уреди]

Вие сте уредник на Викиизвор. Викиизвор нема главен уредник или централизиран хиерархиски механизам кој го прати и одобрува секојдневниот прогрес на библиотеката. Наместо тоа, активните учесници ги пратат скорешните промени и прават измени во согласност со содржината и форматот на проблемот што ќе го сретнат. Така, Википедијците се истовремено и писатели и уредници.

Повеќето принципи и напатствија, на тој начин, се спроведуваат од поединечни корисници кои ги уредуваат страниците, и ги дискутираат прашањата меѓусебе. Некои принципи исто така се спроведуваат преку привремени блокови (главно, механизам за справување со вандализам). Во екстремни случаи Комитетот за Арбитража може да донесе одлука заради справување со тешко решливи ситуации, како дел на поопштата процедура за решавање на спорови.

Ограничени опции

[уреди]

Некои од опциите на софтверот кои може да бидат потенцијално злоупотребени, како што е бришење на страници и заклучување на страници од уредување, се ограничени на администраторите, кои се искусни членови на заедницата на кои може да им се верува. принципите кои главно се однесуваат на администраторите се:

Типови на принципи и напатствија

[уреди]

Како додаток на општоприфатените политики искажани во горниот дел, следните напатсвија се предложени од различни учесници:

Општи напатствија

[уреди]

За други корисни совети, видете Избегнување на вообичаените грешки (врска на англиски).

Напатствија за однесување

[уреди]

Напатствија за содржината

[уреди]

Напатствија за стилот

[уреди]

Напатствија за начините на групирање на статиите

[уреди]

Други текстови и дискусии во врска со Викиизвор

[уреди]