Прејди на содржината

Бертрандон де ла Брокиер за Македонците

Од Wikisource

За време на патувањето на Бертрандон де ла Брокиер кон Блискиот Исток во 15 век во својата книга „Патување преку морето“ запишува за Македонија и македонците два параграфа:

И јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград и сите Грци, Македонци и Бугари, па и деспотот на Расија (Рашка) и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство.

А има исто така, како што порано кажав, многу христијани кои присилно го служат Турчинот, како Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Есклавоните, Расијанците и Србијанците, поданици на деспотот на Расија и Власите, кои, како што ми е речено, кога би ги виделе христијаните, а особено Французите, во голем број против Турчинот, тие би му нанесле многу штета и би му го свртеле грбот, зошто тој ги држи во тешко ропство.

Извор

[уреди]
  • Бертрандон де ла Брокиер, Путовање преко мора, Београд 1950, стр. 134-135, 140-141.