Јов/ 11 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

10 глава Јов
11 глава
од н.п.
12 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Софар Нааматецот проговори тогаш и рече:
  2 Зар да не се одговори на многуте зборови? Зар многузборливиот уште и ќе се оправда?
  3 Зар твоето празно брборење ќе ги замолчи луѓето? Зар подигрувањето ќе остане неисмеано?
  4 Рече: „Моето учење е непорочно, чист сум во Твоите очи и без дамка.”
  5 Но ако Бог сакаше да проговори и да ја отвори устата за да ти одговори,
  6 и да ти ги открие тајните на мудроста што ниеден ум не може да ги сознае, ќе знаеше дека ти бара сметка за гревовите.
  7 Можеш ли да проникнеш во Божјите длабочини? Можеш ли да го доловиш совршенството на Сèдржителот?
  8 Повисоко е од небото: уште што да сториш? Подлабоко е од Шеолот: уште што да мудруваш?
  9 Подолго е од земјата - пошироко е од морето!
10 Ако се повлече, ако те гребне, ако те предаде на суд, кој ќе Му брани?
11 Зашто Тој ја знае суетата на луѓето, ја гледа нечесноста и нема ли да внимава?
12 Но горделивиот човек е лишен од разум, и човекот се раѓа како диво осле.
13 Ако ти го исправиш своето срце и ги испружиш своите раце кон Него,
14 ако го отфрлиш лошото од рацете и ако не му дадеш простор на злото во својот шатор,
15 тогаш ќе можеш да издигнеш чисто чело, ќе бидеш цврст и не ќе се боиш.
16 Не ќе си спомнуваш веќе за своите искушенија, како ни за водата што истече.
17 Твојот живот ќе блеска појасно од пладнето, темнината ќе се претвори во зора.
18 Ќе живееш спокојно во својата надеж и заштитен ќе почиваш во мир.
19 Кога ќе легнеш, никој не ќе те заплаши, мнозина ќе ја бараат твојата наклоност.
20 А на злосторниците ќе им згаснат очите, не ќе има веќе засолниште за нив: единствената надеж ќе им биде: да издивнат.”

Поврзано

Надворешни врски


PD-icon.svg Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
Nuvola apps important.svg
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.