Прејди на содржината

Јован Јовановиќ - Змај/ Последниот лешник

Од Wikisource

„Последниот лешник“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

На врв дрво счучурено
тажно лице:
седи една загрижена
верверица.

Ми се чини и солзичка
ќе ѝ капне -
последниот лешник сака
да го лапне.

Доцна есен, се жолтее
лист на гранка,
плод не држи лешникова
сува дланка.

Последниот што го најде
в лисја падна.
Ни ореви веќе нема.
Есен гладна.


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.