Прејди на содржината

Јован Јовановиќ - Змај/ Мачка и врапче

Од Wikisource

„Мачка и врапче“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

„Каде, врапче, ќе зимуваш?“
Го прашува мачка стара.
„Овде, онде - таму, сегде!“
Така врапче одговара.

„Кај ќе ручаш, врапче денес?“
Го прашува мачка стара.
„Таму горе, на сам орев!“
Така врапче одговара.

„А каде ќе спиеш, врапче?“
Го прашува мачка стара.
„Па погоди штом те копка!“
Така врапче одговара.

„А знаеш ли, зошто прашам?“
„Ти си мачка, а јас птица!“ -
врапче рече и одлета,
а мачката стемни лице.


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.