Прејди на содржината

Јован Јовановиќ - Змај/ Малиот коњаник

Од Wikisource

„Малиот коњаник“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Ајде, ајде, четири нозе,
дрвени се сите,
ајде, ајде, на пат далек
сега коњче итај!

Седло имам од шамивче,
а узда од конче,
силен камшик ќе ми биде
поткршено стапче.

'Рѓо, море, што си мрзлив,
зар не ти е срам,
штом не сакаш ти да скокаш,
јас ќе тупкам сам.


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.