Јован Јовановиќ - Змај/ Кокошка и лисица

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Кокошка и лисица“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

„Како си ми, кокошке,
пријателке блиска?“
„Се качувам високо,
ене, гледај, Лиске!“

„Пилињата кај ти се,
колку ми се мили!“
„Не грижи се за нив,
добро си се скриле!“

„Дали ти се мирни,
сакам да ги видам,
а ако ги пофатам
подлец нека бидам!“

„Многу добро, тетко,
јас тебе те знам,
да ги видиш, Лиске
нема да ти дам“.


Поврзано[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.