Прејди на содржината

Јован Јовановиќ - Змај/ Добри соседи

Од Wikisource

„Добри соседи“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Добра вечер, сосетке!
Уф, ама сум жедно,
Дај ми малку водичка,
само голтче едно.

Ќе ти дадам, ќе ти дадам,
добро што ми спомна.
Штом си жедно, еве ти ја,
еве цела стомна.

Благодарам, сосетке,
што ми душа зближи.
Штом нешто ти притреба
мене ти ми кажи.


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.