Прејди на содржината

Јован Јовановиќ - Змај/ Дете и пеперутка

Од Wikisource

„Дете и пеперутка“

од Јован Јовановиќ - Змај
Македонски превод. Песната е оригинално издадена на српски јазик.

Детето:
Пеперутке шарена,
ајде, дојди ваму!
Имам ружа убава,
помирисај само!

Пеперутката:
Јас се плашам, детенце,
од иглата клета -
кога ќе ме прободе:
збогум убав свете!

Детето:
Ти се колнам, злото
на себе го примам -
да избројам сакам
колку нозе имаш.

Пеперутката:
Ќе ти кажам, ама
од, далеку, ете:
Шест ножиња имам,
сега збогум, дете!


Поврзано

[уреди]


Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.