Ферман дојде од Стамбола
Изглед
- Ај, ферман дојде џанам од Стамбола
- телал личит по чаршија,
- да се зберат спахиите
- се отвори силна војна,
- силна војна во Софија, де.
- Ај, спаивчето џанам само се посврши
- во четврток зборот тој ми даде,
- во сабота свадба ќе прави
- во недела војник да оди.
- Ај, спаивчето џанам коња ми ружи
- невестата диван му стои
- и негова стара мајка
- диван стоет дробни солзи ронет, де.
- Ај, го прашала џанам неговата мајка
- ај спаивче ти младо заирче,
- коња спремаш каде ти ќе одиш?
- Кому ќе оставам млада невеста
- и твојата стара мајка, де?
- Ај, ој ти мајко џанам стара мајко,
- дел' ме прашаш право ќе ти кажам,
- тебе мајко нема да те лажам:
- ферман дојде од Стамбола,
- телал личит по чаршија,
- да се зберат спаиите.
- Се отвори силна војна,
- силна војна во Софија, де.