Ферман дојде од Стамбола

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ај, ферман дојде џанам од Стамбола
телал личит по чаршија,
да се зберат спахиите
се отвори силна војна,
силна војна во Софија, де.
Ај, спаивчето џанам само се посврши
во четврток зборот тој ми даде,
во сабота свадба ќе прави
во недела војник да оди.
Ај, спаивчето џанам коња ми ружи
невестата диван му стои
и негова стара мајка
диван стоет дробни солзи ронет, де.
Ај, го прашала џанам неговата мајка
ај спаивче ти младо заирче,
коња спремаш каде ти ќе одиш?
Кому ќе оставам млада невеста
и твојата стара мајка, де?
Ај, ој ти мајко џанам стара мајко,
дел' ме прашаш право ќе ти кажам,
тебе мајко нема да те лажам:
ферман дојде од Стамбола,
телал личит по чаршија,
да се зберат спаиите.
Се отвори силна војна,
силна војна во Софија, де.

Поврзано[уреди]