Константин Миладинов/ Не - непијам
Изглед
(Пренасочено од Автор:Константин Миладинов/ Не - непијам)
„Не - непијам“ од Константин Миладинов |
- Ми велет онје пијан сум;
- А ја си не знам какво е
- Тва пусто, шкуро пијанство!
- Ја друго нешчо не сториф -
- Сâде си зедоф крај мене
- Сафа со винце тиквешко
- И си се малку нацицах.
- Ми велет сâнки ноѕеве-
- Ко д` ода ми се валеет.
- Земја се тресит, вервите,
- За тва ноѕе валеет.
- И ак` си чукна главата
- На ѕиздои и на камења,
- И ак` се цумки на чело,
- От такви мали работи
- Али требит да се плашиме?
- У! пијаница, падинат!
- Ми велет и се смеет.
- Ко да им нешчо напраиф!
- Шчо имат, ако падина?
- Пак како јунак си станва.
- Немојте усти погани,
- Тук-така не клевете ме!
- И пак ви верно пофтора:
- Ја сосем не зна името
- От тоја пусто пијанство. -
- Ич не сум ја пијаница!
Наводи
- Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |