Константин Миладинов/ Еѓуптин делиа
„Еѓуптин делиа“ од Константин Миладинов |
Еѓуптин даиа
Направен делиа,
За да се напсует
И да се прочует,
В мало село влезе
И от којнот слезе:
„Еј - ви, бре, ѓаури,
Слушајте каури!
На гозба ви ида,
Сака ја да вида
Как' чекате гости.
Много време има -
Една цела зима,
У вас как се кана,
За да се нарана
С кокошки печени
Со шеќер золени!
Ајде бре, ѓаури,
Послушни каури,
Којнот нараните
И мене зготвите
Кокошка печена,
На 'ржен вртена,
И љута ракија,
За да се напија,
И погача нека
Бидит бела, мека.
Погледните убо
На моево рубо!
Јаска сум даиа
И страшен делиа;
Ако се разљута,
Ја многу не ќута:
Беса, гора, сеча,
На 'ржен ве печа!
Ме разбрахте ега
Шчо ви права сега?“
Еѓупската сила
Сите уплашила.
Стојет кутри жени
От страг онемени:
Гледат даја страшен,
Со сабја опашен,
Со висока става,
Со калпак на глава,
Со пишчоли нареден
И со туфек вреден.
„Сега шчо чиниме?“ -
Жените велеха:
„На, ќе загиниме!“
И слѕи ронеха.
Кутрите станаха
И ми побегнаха.
Меѓу ним се згоди
Едно моме умно.
Му текна да оди
На нихното гумно:
На мâжи да кажи
И да им раскажи
Дељо кондисвење
И негобо плашење.
Ходит летаешчем,
Со рâцете маешчем,
„Чуеш, златен тате,
Дојде даиа страшен,
Со сабја опашен,
Со висока става,
Со калпак на влага,
С пишчоли нареден
И со туфег вреден. -
Фати да се карат
И кокошки барат,
На 'ржен печена,
Со шеќер солена.
Боже моим, страшило
От века не било!
С еден глас уплаши
Сите жени ваши!“
Селјаните тамо
Како тва слушаха
С вилите на рамо
Дома се врашчаха -
Деља да поранет
И да го наранет
С кокошка печена
На вили вртена.
Еѓуптин как' седна,
Околу погледна:
Куќата ја нема -
Жива душа нема.
Да речите право,
Се разљути здраво;
Да се карат фати
И главата клати: -
„А шчо ќе направа
За мојата слава,
Секој ќе ме види,
А ѓаури гиди!
Оган ќе запалја,
Никого не жалја;
Љуѓе ќе опера,
Кâде ќе намера.“
Делиата скочи
С распшалени очи.
Но как виде тамо
Вилите на рамо,
Треската го стресе;
Думат тие че се
Туфуѕи шарени,
На рамо фрлени;
Че по врашка мера
Се крена потера.
От еѓупска сила,
Шчо се распалила,
Тој спасење барат,
И без да се карат,
Как' опасност гледа,
Стрсвит без огледа:
Туфугот остават,
Којњот заборават:
Фашчат по планини,
За да не загини.
Опинци искина
По пуста планина;
Загина кремења,
От ноѕе ремења.
Сопни, падни, стани,
Со руби издрани,
Бега шчо ми бега,
Ето ми го сега.
Враѕи как% отбегна,
До жена си легна: -
„Жено, завел жено,
Срце уплашено,
Јунашчина правам,
За да се прославам,
А после се стегам
И шчо моа бегам!“
Наводи
- Песни, Константин Миладинов, Мисла, Македонска книга, Култура, Наша Книга, Скопје, 1986.
Сите дела од овој автор се во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 100 години. |