АСНОМ , документ 2
З А П И С Н И К Составен на првото заседание на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание, одржано на 30 април 1944 година. |
30 април 1944 г.
Заседанието го отвори командантот на Главниот штаб на Македонија, генерал Михаил Апостолски. Присаствуваја членовите на Иницијативниот одбор - 15 делегати од Македонија. Генерал Апостолски даде преглед на досегашната работа на Иницијативниот одбор за свикување на македонското народно собрание и го предложи следниот дневен ред:
1. Проширение на Иницијативниот одбор:
2. Одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб и Иницијативниот одбор и дадените согласија пред АВНОЈ;
3. Предложение, Методи Андонов-Ченто, претседател на Иницијативниот одбор, за свикување на македонското народно собрание да отиде како претставител на Иницијативниот одбор при Врховниот штаб на Југославија и АВНОЈ;
4. Прашање за македонската емиграција во Бугарија.
По првата точка на дневниот ред генерал Апостолски ја предложи следната листа на проширениот Иницијативен одбор за свикување на македонското народно собрание и за работното тело на Иницијативниот одбор, која ќе биде едногласно одобрена:
Претседател: Методи Андонов - Ченто, од Прилеп,
Потпретседатели:
1) Мане Чучков, директор на гимназија од Штип,
2) Бане Андрејев; јавни работник од Велес,
Секретари:
д-р Кирил Миљовски, ветеринарен лекар од Битола,
Кирил Григоров, адвокат од Штип.
Членови:
Генерал Михаил Апостолски, од Штип,
Цветко Узуновски, политички комесар на Главниот штаб на Македонија, од Ресен,
Кирил Петрушев, типограф од с. Богданци - Гевгелиско,
Епаминода поп-Антонов, професор, од Струмица,
Страхил Гигов, заменик политички комесар на Главниот штаб на Македонија, од Велес,
Никола Минчев, учител од Кавадарци,
Петре Пирузе, адвокат од Охрид,
Мара Нацева, работничка од Куманово,
Благој хаџи-Панзов, адвокат од Велес,
Д-р Владо Полежина, правник од Кичево,
Ристо Бојалцалиев, приватен чиновник од Гевгелија,
Борко Темелков, работник од Прилеп,
Тодор Пецов - Циповски,
Панко Брашнаров, од Велес,
Тодор Звездин, од Скопје,
Генадија Лешко, од Бродско,
Милан Стефанов, од Прилеп.
Работно тело на Иницијативниот одбор:
Претседател: Методија Андонов - Ченто,
Потпретседател: Мане Чучков,
Секретар: Кирил Григоров,
Членови:
1) Кирил Петрушев,
Страхил Гигов,
Мара Нацева,
Епаминонда поп-Антонов.
По второто прашање, за одобрение на земените до сега решенија од Главниот штаб на Македонија и досегашниот Иницијативен одбор и дадените согласија пред АВНОЈ, генерал Апостолски и Методи Андонов - Ченто, објасниха оти Главниот штаб и Иницијативниот одбор са биле принудени да земат важни решенија поради нуждата која се налагаше од развојот на меѓународното положение и развојот на собитијата во Југославија, да се определи положението на Македонија во денешната борба, без да може да се чека формирањето на едно редовно народно собрание. Тие решенија са следните: Македонија денеска се бори рамо до рамо со сите југословенски народи за една нова демократска и федеративна Југославија, во која Македонија ќе биде една од шесте федеративни, равноправни единици. Таја воља Главниот штаб на Македонија е прокламира преку својте делегати пред АВНОЈ. Исто така, тој делегира свој преставители во пленумот на АВНОЈ и президиумот на АВНОЈ. Со земањето на тија решенија се определује наполно положението на Македонија во денешната борба. Това се изјаснува исто така и со издавањето на манифестот од Главниот штаб кој ги прокламира сите тија принципи. Членовите на проширениот Иницијативен одбор ги одобрават земените решенија и се согласјават со досегашната работа на Главниот штаб и Иницијативниот одбор.
По предложението, Методи Андонов - Ченто да отиде како претставител на Иницијативниот одбор при АВНОЈ и Врховниот штаб на нова Федеративна Југославија, сите членови се согласија да се земе това решение, имајќи предвид оти присуството на Ченто ќе даде возможност да имаме непосреден и близок контакт со одговорните тела на Федеративна Југославија, за да се изнесе правото положение на Македонија од нејн одговорен претставител. (Решението е дополнето на седницата на Иницијативниот одбор од 6 мај 1944 година со тоа што, покрај Методи Андонов-Ченто, во делегацијата влегоа Киро Петрушев и Емануил Чучков - б.р.).
По прашањето за македонската емиграција во Бугарија, Бане Андрејев предлага, и след поопширна дискусија со приема, да се направат следните дејствија:
а) да се испрати еден општ позив до целата емиграција во Бугарија и да се покани да се приклучи на борбата на македонскиот народ;
б) да се испратат лични писма до видни Македонци од емиграцијата и да се поканат да вземат учестие во борбата што е води денеска целиот македонски народ,
в) да се испратат писма до сите македонски братства во Бугарија, во кои да им се објасни линијата на нашата борба и да се поканат да извршат мобилизација на сите свои сили.
На крајот, след исчерпувањето на дневниот ред, Страхил Гигорв предложи да се испратат поздравни телеграми до: Тито, АВНОЈ и Димитар Влахов. Предложението се прие еднодушно. След това, заседанието ја прикључи својата работа.
- Претседател:М. А. Ченто(п)
- Секретар:К. Глигоров(п)
- Членови: (п) генерал М. Апостолски
- (п) М. Р. Чучков
- (п) Еп. Антонов
- (п) Б. Х. Панзов
- (п) Страхил Гигов
- (п) Мара Нацева
- (п) Бано Андрејев
- (п) Кирил Петрушев