Сношти минав покрај вази
Изглед
- Сношти минав покрај вази,
- тебе моме не те најдов,
- срце ми се растрепери,
- почнав солзи да ронам. 2х
- Сечи моме руси коси,
- прави скала да се качам,
- да ти видам бело лице,
- ем рудото ти грло. 2х
- Кажи моме вистината,
- љубиш ли ме, мамиш ли ме,
- ил сос' мен се подиграваш,
- да ти мине времето. 2х
- Ах да можам да разберам,
- була ли си, ил' Гркина
- ил' си моме Македонка,
- што си толку убава. 2х
Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво. |