Сношти минав покрај вази

Од Wikisource
Сношти минав покрај вази,
тебе моме не те најдов,
срце ми се растрепери,
почнав солзи да ронам. 2х
Сечи моме руси коси,
прави скала да се качам,
да ти видам бело лице,
ем рудото ти грло. 2х
Кажи моме вистината,
љубиш ли ме, мамиш ли ме,
ил сос' мен се подиграваш,
да ти мине времето. 2х
Ах да можам да разберам,
була ли си, ил' Гркина
ил' си моме Македонка,
што си толку убава. 2х


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е непознат/народно творештво.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Во изведба на Виданка Ѓоргиева