Мајка на Марика думаше
Изглед
- Мајка на Марика думаше:
- - Марике, ќерко Марике,
- земи го ќерко Ѓорѓија,
- Ѓорѓија први бекрија.
- - Нејќум го мајко Ѓорѓија,
- Ѓорѓија први бекрија.
- Девет си жени погубил,
- јас ќе сум мајко десетта.
- Послуша Марика мајка си
- зеде го Ѓорѓи бекрија.
- Ѓорѓи на Марика думаше:
- - Марике, либе Марике.
- Нова се крчма отвора
- мене ме канат да идам.
- Сефтето да им направам,
- фирмата да им напишам1.
- Ене го Ѓорѓи кај иде,
- девет му зурли свиреа,
- девет му зурли свиреа,
- десет тапани чукаа.
Поврзано
[уреди]Надворешна врска
[уреди]Македонски народни песни, текст, преводи и аудио записи