Мајка на Марика думаше

Од Wikisource
Мајка на Марика думаше:
- Марике, ќерко Марике,
земи го ќерко Ѓорѓија,
Ѓорѓија први бекрија.
- Нејќум го мајко Ѓорѓија,
Ѓорѓија први бекрија.
Девет си жени погубил,
јас ќе сум мајко десетта.
Послуша Марика мајка си
зеде го Ѓорѓи бекрија.
Ѓорѓи на Марика думаше:
- Марике, либе Марике.
Нова се крчма отвора
мене ме канат да идам.
Сефтето да им направам,
фирмата да им напишам1.
Ене го Ѓорѓи кај иде,
девет му зурли свиреа,
девет му зурли свиреа,
десет тапани чукаа.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Македонски народни песни, текст, преводи и аудио записи

Во изведба на Никола Бадев