Корисник:Wlodzimierz
Игралито срце јунаково!
Како вино во сребрена чаша,
како јагне во големо стадо,
како сокол во силноно јато!
- Елегии за тебе (избрав x-))
Одев со глава замаен
наведнат, мртов, зачмаен,
одев со грутка на срце
и каракамен на гради.
Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат — ти плачеш,
сонцето грее — ти темнеш.
- - -
Под мостот вода морава —
тече и мие ранава.
Тееч и влече со себе
сичко што стои пред неа,
а на грегови животот —
чмае у троскот зараснат!
- Болен лежи млад Стојан
Болен лежи млад Стојан,
Болен лежи и ќе умре.
Над глава му младата невеста
С машко дете на раце.
Солзи рони, солзите ѝ капат
По Стојаново лице.
Стојан се подразбуди,
И тихо ѝ говори:
Невено, ле, ти млада невесто,
Што ми лади лицето,
Да ли ситна роса подросува
Или силни дождови?
А Невена му вели:
Стојане, бре, стопане,
Ниту ситна роса подросува,
Ниту силни дождови,
Моиве солзи по лице ти капат
Од селански неправдини.
Синоќа кај чешмата
Селани се збираја,
Збор збореја – кога ти ќе умреш
Дете да ми задават,
Мене ме грабнат, далеку однесат
За пари ме продадат.