Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/72

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
62
 

Тиiе лошотиiи преминуваат секоiе очекуаiн'е. Се прашат, коi iет во се тоа крив? — На тоа прашаiн'е iас не можам да одгоорам. Не iет моiа работа да барам, али некоi зол демон на Бугариiа имат напраено сите лошотиiи бугарцки нам македонците. За мене iет iасно само тоа, да голем дел во сите наши нестреки се должит на бугарцкиiо народ. Не iет кн'азот крив во тоа, да речиме, шчо немаат бугарите арни дипломати. Ако напр. г. Станчев iет предстаител' на кн'азот, а не на Бугариiа, то не сет таквиiа Цоков, Бешков и др. Не iет извинеiн'е за бугарцкиiот народ и тоа, шчо недостоiните дипломати принадлежат кон таiа или друга партиiа, и кн'азот се ползуат со повикуаiн'ето на власт, по лични сообразуаiн'а то iедна, то друга партиiа. Главната нестрек'а за Бугариiа и неiните интереси iет, не во тоа, шчо имат многу партиiи, и не сите знаiале арно народните интереси, а во тоа, шчо бугарите малку сет проникнати со народните интереси, особено со надворешните. У бугарите немат национални идеали, кoi да бидат обшчо достоiаiн'е и светиiн'а за сите бугари. Тиiе идеали се изработуваат од историiата на народот, но се изработуваат во iеден долог историцки период. Долго време членоите од iеден народ требит да се увличаат од iедни исти народни идеали, обшчи и свети за сите членои на народот. Тиiе идеали требит да бидат изработени од наi видните предстаители на народот и усвоiени от сите негои членои. Идеалите народни требеше да бидат iедна програма, кон осашчествуаiн'ето на коiа ке требеше да бидат напраени сите сили на народот. Народните идеали не одiеднаш сите можат да бидат осашчествени, но нивното осашчествуаiн'е требит да бидит само резултат на обшчата и самоотвржена народна работа. Трудностите во достижеiн'ето на народните идеали служит само како сколиiа, во коiа окрепнуат народниiот дух и се готвит за ушче по голема