Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/59

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
49
 

бат се, шчо не им iет приiатно, а наi многу црковно-обшчинцката самоупраиiа. Но таква услуга со србцки владици сакаа да ни окажат и србите. Шчо сет тиiе криви, шчо ниiе предпочетофме да сме орадиiе на бугарите, на место да сме орадиiе на србите? — Бугарите отвориiа во Македониiа трговцки агентства! Но за чиiи интереси? Се разбират, оти не за македонцки, а за бугарцките. Србите предадоа своiите интереси во Македониiа на своiи консулства и генерални консулства. Ако бугарцките трговцки агентства во Македониiа сет благодеiаiн'е за нас, то србцките генерални консулства сет ушче по големо. — Бугарите ни поддржале востаiн'ето. И србите го поддржуваа. Бугарите го поддржуваа поеке, зашчо нивните ингереси тоа го сакаа, а не за атарот наш. Србите го поддржуваа, за да не останат по назад од бугарите; но да беа србцките интереси така врзани со востаiн'ето, то србите сто пати ке обiавеiа до сега воiна на Турциiа, без да чекаат од некаде помок', без да гледаат али ке бидит исходот за ниф благоприiатен или не. — Бугарите ранат обездомени македонци, но истото го праат и србите.

Тоа iет сета арнотиiа, шчо iа добифме од Бугариiа. Сега да видиме, со шчо заплатифме ниiе за таiа арнотиiа, или колку ни костуат она?

Ако прегледаме собитиiата от последната руско-турцка воiна до сега, ке видиме, оти секоiа арнотиiа од Бугариiа за македонците не iет нишчо, осим iедна конпенсациiа за глупостите, шчо и имат напараено Бугариiа во нашето прашаiн'е. Македонцкото прашаiн'е во раците на бугарцките дипломати и народ iет ред глупости, напраени само на македонцки есап и наречени мег'ународни победи на бугарцката самостоiна политика. Тиiе глупости на бугарцкиiо народ сет за нас македонците како прародител'цки греф, коiи ке поминуваат од поколеiн'е на поколеiн'е.