Іедно се устаноат праилни односи мег'у нас и друзите: рисiанцки и мусул'манцки народности, iедно се признаiит нашата народност од праител'етвото на Н. Ц. В. Султано, се внесит во нофузите името македонец, се напраат првите постапоци за нашето национално и религиозно ослободуаiн'е от пропагандите и се воведат политичните преобразуан'iа, предвидени от реформаторцките сили; iедно се приiимат мери за економцкото попрауаiн'е на нашите селцки стопани, па и до воведуаiн'ето на сите тиiе подобруаiн'а во нашето националнорелигиозно и економцко жиуаiн'е, ниiе - македонцката интелетенциiа ке требит да напраиме ушче iедно, а то ке бидит и наi важното: да приложиме сите своiи физически, интелектуални и морални сили на нашето национално возродуаiн'е.
Последното востааiн'е ни покажа, оти тоiа пат, по коi шчо одефме, сега iет погрешен и опасен. Тоi требаше много жртви, а дааше малу полза. Револ'уциiата не компрометира пред нашето праител'ство и не не исстаи во добра боiа пред европеiцкиiот свет. Но во сé тоа ниiе сме малу криви. Од iедна страна не поддупуваа кон востааiн'е; од друга - ниiе сме млад народ и се увлечефме со iедна нездрела предприiимачка. Како младите л'уг'е, кои предпочитаат во работеiн'ето скокои, на место постепено, но постоiано работеiн'е во iеден исти праец, и младите народи предпочитаваат скокоите пред постоiаната упорна работа во iеден исти праец. До сегашното наше работеiн'е, особено востаiн'ето беше неомислена младенческа работа, но они ни се опростуваат, iедно, зашчо до сега ниiе бефме млад народ, коi шчо одваi се проникнуат со своiето национално самосознаiн'е, а друго, зашчо до сега, не живеiки како оддел'на национално-религиозна iеденица, се наог'афме под влиiаiн'ето на разни национални и религиозни пропаганди.