Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/42

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
32
 

не ке можит да вршит своiата работа, а од друта страна ке трибит да ранит гладната турцка воiска и четите?

Борбата имат, не толку национален, колку религиозен характер. Како та iет опустошител'на, во неколку пати поеке од обичната воiна! Тоа опустошеiн'е имат смисл'а, ако се имат надеж на успеф. Сиiот надеж наш iет на европеiцко набркуаiн'е. Но iасно iет, оти такво набркуаiн'е немат да последуат. Ниiе мислиме, оти Европа ке се сожалит над мирното населеiн'е, и заради него ке се набркат во нашите работи. Но имено нашите есапи не даваат на европеiците возможност да се претечат на помок' на мирното населеiн'е. Европеiците кажуваат, оти не можат да напраат нишчо, оти секоiа мера од Европа, комитето ке приимит за пооструаiн'е на негоата агитациiа.

Значит, до тогаi, до кога ке се продолжит движеiн'ето ниiе не можеме да очекуаме деiствително набркуаiн'е во нашите работи, и до тогаi нашиiот народ ке бидит принуден да трпит наi големи бесполезни и бессмислени нестреки.

Во таков случаi имат ли смисл'а по накашната борба? - По моето мнеiн'е немат. Ниiе немаме излишни народни сили, за да ѝ принесеме на жртва за бугарцките, србцки и грцки интереси, оти сегашната борба iет само во туг'а полза. Нашите народни сили сет нужни и за културна борба.

Да допушчиме и противното, оти сегашната борба наi после ке принудит Европа да се набркат во турцките работи и да принудат Турцко да даит равноправност на македонцките народи. Дали ниiе македонците (словените) во таков случаi ке можеме да се поздраиме со успеф? Мисл'ам не. Равноправноста ке бидит за сите народи, па и за турците, грците и пр. и пр. Значит, нашата крв се проливала за праата на тиiа народности, коiи шчо, или си седеа мирно во време на