Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/40

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
30
 

Во конференциiата ке се земат цел ред мери во полза на македонцките народности. Но коiи сет тиiе народности? - турци, бугари, срби, грци, власи, арнаути.

Кого требит да броiат на конференциiата: бугарин, србин, грк? Каде iет границата мег'у ниф? Наi после коi ке заседаат на таiа Конференциiа? Коi ке даат сведеiн'а за македонцките народности и нивните потребности? Зар не iет iасно, како бел ден, оти предстаители од нас немат да имат, оти ке решаваат нашите судби, без да не питат нас, шчо бараме ниiе, а зато, ке питат нашите неприiатели, коiи имаат своiи држаи и своiи дипломати, и коiи ке извлечат сета полза од нашата пролиена крв?!

Не браiк'а! Никаква конференциiа не не спасават. Многу по арно ке бидит, да се довериме на наi многу заинтересуаните во нашите работи држаи, особено на праославна Русиiа, коiа знаiит убао нашите нужди, а не да се надеiаме во сами себе и во некакви конференциiи. Да беше било така лесно и арно созиваiн'ето на конференциiа, и сега ке имафме друг способ трактуаiн'е на нашите работи и наместо Европа да остаит Русиiа и Австриiа да решаваат нашето прашаiн'е, сите европеiцки Големи сили ке сакаат во него да играат iеднаква рол'а. А шчо пишит англицкиiо министер-председник на кентерберiцкиiо архиiепицкоп за политиката на Големите Сили во нашите работи: „участiето на сите Сили воразрешеiн'ето на македонцкото прашаiн'е само можит да задржит, на место да ускорит, неговото разврзуаiн'е. Во дадениiо случаi наi арно iет инициiативата и наi главната рол'а да iет во раците на наi заинтересуаните големи држаи, коiи наi арно знаiат нуждите на македонците". - Да, ниiе требит да знаiиме, оти од участiето на сиiот „концерт" можит да се очекуат големо неблагозвучiе, по малко давлеiн'е на Портата, от колку можит да се очекуат од работите на