Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/24

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
14
 

само частично: со бугарцки, србцки, или грцки, но никак не, со чисто македонцки характер.

Тоа нешчо iет iасно за сите, само не за нас македонците и за раководците на сегашново востааiн'е. Тиiе раководци праат сите усилиiа да покажат мотивите и самото движеiн'е, како шчо се сакат ним; ама работа iет, оти не само ниiе, ами и друзите имаат разум и очи да видат и разберат, како iет истината. Комитето се срдит, зашчо консулите не осветуат работите, како шчо сет. Но ако се осветат тиiе како шчо сет, то не ке се аресат на комитето. Комитето, со друзи зборои, барат европеiцките праителства да гледаат на работите во Македониiа со македонцки очи т.е. со очите на комитето; а да беше така работата, немаше зашчо европеiцките праителства да имаат свои агенти во Македониiа.

Но ако имафме ниiе морално прао да бараме от престаителите на европеiцките држаи во Македониiа точно и беспристрасно да осветл'уат своите праителства и европеiцкото обшчествено мнеiн'е за работите во Македониiа, то наш морален долг беше, да сме и ниiе осветени во европеiцките интереси во таткоината ни, особено во интересите на балканцките држаици.

Ниiе требаше да знаеме, оти против нашето востаiн'е ке бидат: и Кара-Влашко, и Србиiа, и Грциiа. Кара-Влашко, не можит равнодушно да гледат на усилеiн'ето на Бугариiа со дааiн'ето на Македониiа автономна управиiа. На автономиiата се гледат, како на преодна степен кон соiединуаiн'е на Македониiа со Бугариiа. Кара-Влашко не можит да допушчит на неiните граници создааiн'ето на iедна голема Бугариiа, коiа, можит, после ке барат од неiа Добруджа! По тиiа политични сообразуаiн'а, и да имат во Македониiа чисто бугарцко и само бугарцко населеiн'е, она не ке допушчат соiединеiн'ето мег'у турцките и бугарцки