Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/22

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
12
 

гарите. Но последните, оспоруаiк'и праото на грцкиiо iазик во словенцките краини, сами не ке можат да се разберат и да определ'ат, каде ке требит да бидит бугарцкиiо и каде србцкиiо iазик.

Мислит ли комитетот, оти, ако он сакат да игнорират прашаiн'ето за iазикот во разни делои на фантазираната, барем сега за сега, автономна Македониiа, игнорираат истото прашаiн'е и заинтересуаните балканцки народности, особено србите? Мислит ли он, оти србите му веруваат да, се работит на „Македониiа за македонците", ако се игнорират прашаiн'ето за iазикот на македонцките словени, и да тоа прашаiн'е лесно и праедно ке се решит со добиiаiн'ето на автономни праа? Ако мислит така много се лажит.

Ако автономиiата на Македониiа се iавит како резултат на сегашното востаiан'е, то македонцкото прашаiн'е ке се решит не во полза на македонците, а во полза на бугарите, зашчо комитетот, како шчо видофме по горе, работит под бугарцка фирма. Тиiе од македонците, шчо добиiа образуаiн'е во Бугариiа зедоа инициативата за ослободуаiн'е и они до сега играа, можит да се речит, не само главната, ами и искл'учител'на рол'а. Ако нивното работеiн'е се увенчат со успеф, они, а со ниф заiедно и бугарцките интереси, ке земат врф над чуздите интереси во Македониiа. Ако востааiн'ето восторжествуат, не iет ли iасно, оти за него к'е имат да се благодарит на бугарите и за тоа тамо, каде сега србите конкурираат со своiите пари и своiата пропаганда, со бугарцките пари и пропаганда, ке изгубат секоiе влиiаiн'е на своiите клиенти? Зар не му мисл'ат србите, оти со успеот на востааiн'ето, ако се питат: на коi iазик ке требит да зборуат судиiата, да речиме, во Тетоо? - автономното праителство, коiе ке бидит од „бол'шинството", ке одгоорит - на бугарцкиiо; истото ке одгоорат и местните жители, зашчо во нивните очи, бу-