Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/17

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
7
 

протиоречит им и iет во полза не само на господствуiуките, но и на сите друзи националности.

Нишчо подобно немат. Организациiата iет тесно врзана со Бугариiа. Шумот од организационото движеiн'е отпрво се дигна во самата Бугариiа. Тоа покажа, коi наi много iет заинтересуан во Македонцкото движеiн'е, за тоа пренесоа центрот негов во Македониiа, и напраиiа ушче iеден цел ред фокуси, за да се покажит, оти брканицата iет од натре и iет самородно iавуаiн'е. Но кого излажаа со тоiа маневр? Не iет ли iасно, како бел ден, оти брканицата iет тесно врзана со Бугариiа, со бугарцкото име и со бугарцките пари?

Ке речите, оти народо iет напраил наi големи пожртвуваiн'а во полза на движен'ето. Тоа iет така, но не требит да се забораат, оти организаторите на движеiн'ето во поекето случаи беа чиновници, екзархиiцки. Се разбират само от себе, оти они со своiето участиiе во револ'уциони работи идеа во разрез со интересите на екзархиiата; но при се тоа, они беа бугарцки чиновници.

И така револ'уциониiо комитет беше чисто македонцка организациiа по произлез и по состаот му, но тоа беше само работа на iедна част од iедна од македонцките нацiоналности, врзана по име и по црковно-сколиiцките работи со бугарцкиiо народ и држаа и нивните интереси. Тоiа комитет, во сашност македонцки, за надворешниiо свет и за рисiаните во Македониiа не екзархисти, беше комитет бугарцки.

Комитето, не можа да докажит ни на надворешниiо свет, ни на самите македонци не екзархисти, оти он не iет бугарцки.

Радев со своiо „Mouvement Macedonien" мислеше да убеди Европа, оти движен'ето iет чисто македонцко, и немат нишчо обшчо со Бугариiа. Истото сакаа да докажат и „Право" и друзите македонцки и бугарцки ноини. Но достигнаа ли они цел'ата? - Не.