Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/148

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
138
 

обшч македонцки iазик, а тоi од iедна iужнословенцка група и пр. Исто така по неiа можит да се проследит на коiа вариациiа, или на коi диалект; во коiе време имало по голема литература.

Историiата, како на нашиiот, исто така и на друзите iазици, ни покажуат, оти секоi диалект, поддиалект, гоор и подгоор, можит да се употребуат во литературни произведеiн'а. Таiа привилегиiа на iеден диалект, поддиалект и пр. - да бидит орган на литературна реча - по учеiн'ето на историiата на iазиците, се даат ним, не по некакви особени естетични преимушчества, а по чисто практични причини, т.е. по стечеiн'ето на историко-културните прилики. Тиiе прилики денеска подигаат iедно наречиiе на степен на литературен iазик, утре друго и пр. Историко-културните прилики во создааiн'ето на литературни iазици гооподствуваа секоаш, господствуваат они и сега. Благодареiн'е ним во наi ноо време се откажафме да си избериме iедно од нашите наречиiа за наш обшч литературен iазик, а наместо тоа зедофме да се учиме и да пишиме на туг'ите саседни iазици, наi поеке на бугарцкиiот. Благодареiн'е на приликите сега ниiе си избираме за обшч литературен iазик, централното македонцко, т.е. Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Охридцко наречиiе.

Коiи сет тиiе историiцко-културни прилики, шчо не застауваат: прво, да си создааме своi литературен iазик и второ, да избираме имено центарлното наречиiе?

Ето коiи.

Ниiе видофме колку сет народните интереси тесно врзани со iазикот, а последниiот со характерот и дуот народен. Ниiе видиме сега, оти три национални и религиозни пропаганди во нашата таткоина се борат iедна против друга и сите заiедно се борат против нас и нашите интереси, сакаiки да им нанесат смртен удар и