Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/146

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
136
 

лесни продолжаачи. Ако се односуаме со презреiн'е кон народниiот наш iазик, ниiе само враiк'аме со неблагодарност на нашите родители за сето нивно дуовно гледаiн'е и воспитаiн'е. Ниiе имаме и прао, осем долгот, да браниме нашиiот iазик и тоа прао ни iет свешчено. Секоi, коi шчо напаг'ат на нашиiот iазик, ни iет исто таков наш неприiател', као и нападачот на нашата вера. Верата и iазикот, тоа сет душата на iеден народ, со изменуаiн'ето на коiи, iеден народ праит коренен душевен преврат: он се откажуат от се прег'ешно и земат сé ноо. Тоi коренен преврат, ако стаат постепено во течеiн'е на цели векои, не iет опасен, зашчо iедни делои од него се односуваат до iедни поколеiн'а, друзи до друзи поколеiн'а, така да iедни делои преминаваат по наследство, као народно наследиiе, и само некоiи сет нои. Тоi коренен преврат не iет опасен само, ако iет резултат на самостоiното развиiаiн'е на народот.

Но, ако iеден народ изменуат своiот iазик и своiата вера во iедно касо време и под силно чуздо влиiаiн'е, сам без сознааiн'е однесуаiк'и се кон таiа измена, то он се откажуат от сам себе и от негоите интереси и предаат и себе и ниф на iеден по силен народ, коi шчо ке постапит со него и ниф, како шчо ке му се заблагорасудит. Значит, да се откажит iеден народ от своiот iазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и своiите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своiи очи, да судит за себе и за друзите со своiот ум и разум, а да чекат укажаiн'е за сé от страна. Iеден народ, коi шчо изгубил своiот iазик, мiасат на iеден чоек, коi шчо изгубил патот и не знаiит oт каi идит и каi одит, и коi шчо не знаiит, зашчо одит вамо а не онамо или тамо. Колко во по скоро време iеден народ изменуат своiот iазик, толко по опасно и отчаiано iет негоото положеiн'е.