Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/126

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
116
 

германец, и то не секаде само оно се употребуаше. Како и да iет, важно iет само то, да оно не Господ знаiит, шчо означуаше, за да не можит да бидит заменено со друго.

И така, прво наше народно име ни имат бидено името словенин. Но за тоа име, како за наше народно ниiе наi много знаiиме, не по некакви своiи традициiи или од романците, ами по византиiцките историци.

Главната причина, да зборуваат византиiците за словените, значит, и за нашите предедовци, беа нивните воiни со Византиiа. Опустошеiн'ата, шчо и правеа нашите предедовци во Византиiа беа таквиiа фактои, за коiи не можеше да се молчит; а заiедно со прикажуаiн'ето за опустошеiн'ата се прикажуаше и за опустошуачите, кон коiи се односуваа византиiците со гордост и презреiн'е, као кон варвари.

Византиiците зборуваа само за опасните за ниф варвари. Колку iеден варварцки, т. е. не грцки народ беше по страшен за нивната држаа, толку поеке омразиiата кон него беше по голема и толку негоото име добиiаше по долно, по презрител'но значеiн'е.

Нападеiн'ата на: вест-готите, остгогите, хуните, аварите, антите, словените, србо-хрватите, бугарите, на Византиiа сменувааа iедното другото и за таiа причина византиiцките историци зборуваат за сите тиiе народи, па и за словените и антите. При тоа требит да се не забораат, оти вестготцките, остготцките, хунцките полчишча се состоiеа, не од iедни остготи, вестготи, хуни, словени, но да во нив господствуаше iедната народност, но имаше примеси и од друзите. Важно iет да византиiците одбележуваат господствуiушчата народност, а за друзите молчат. За словените поеке зборуваат от сите друзи народи, осим србо-хрватите и бугарите, зашчо сите друзи вистина поминаа преко Балканцкиiо полуостров, но и си оiдоа од него. Но словените арно се утврдиiа на целиiот полуостров, а особено во Македониiа,