Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/107

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
97
 

Наi после мнозина ке забележат, оти наi големата нестрек'а наша се криiет во тоа, шчо немат у нас местен македонцки патриотизм. Да беше у нас тоi, ниiе, каi и да сме, ке мислефме и ке работефме само за Македониiа. А сега iедни од нас гледаат на себе како на бугари, и соiединуваат нашите интереси со бугарцките и наместо да изучуваат Македониiа во секаков однос, наместо да изучуваат историiата на Македониiа во сите времиiн'а, изучуваат бугарцките интереси и бугарцката историiа, и често пати тиiе периоди од неiа, шчо немаат никаков однос кон Македониiа. Така н. пр. г. Баласчев, ориг'анец родом, на место да се занимаат спеациално со историiата и интересите на Македониiа, ми изучуат бугарцките интереси и „вешчествената култура на бугарцкото ханство", нешчо, коiе имат за Македониiа истиiо значаi, као и историiата на Абисиниiа до покрстуаiн'ето на абисинците. Друзи од нас сет во Грциiа и изучуваат грцките интереси и историiа. Друг ориг'анец, Димица, се подвизаат во Грциiа и за него имат значеiн'е историiата на Македониiа само до неiното завоiуваiн'е од римiаните. Друзи македонци во Србиiа се чинат србцки патриоти и работат, на место за Македониiа, за србцките интереси. Така iеден богат кожарцки тргоец по име Коста Шуменкович по смртта своiа пожртвува за србцките сколиiи 500.000 франкои. Такви печал'ни резултати, од врзуаiн'ето на нашите интереси со туг'ите, доста сет, за да се убедат мнозина, да iет нашето спасеiн'е само во националниiот и религиозен сепаратизм.

Во л'уг'е со таквиiа убедеiн'а, као и во сите недоол'ни от пропагандите македонци ке бидит првоначално силата на ноото течеiи'е. Но така ке бидит само во зафатоко. Броiо на приврженците iавни и таiни ке растит, не по дни, а по часои. Важно iет то, шчо до кога ке имат во Македониiа бугарцка пропаганда, ке имат и србцка. И двете