Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/102

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
92
 

гументи. Протиоположните аргументациiи не даваат возможност да се наит, коiа iет наi праата, и за тоа македонецот решаат да сет сите лажни и да имат само iедна неопровргната истина: македонцките словени сет македонци и словени, следствено требит секоi македонец да чуат интересите на своiата таткоина и на своiот народ, а не интересите на пропагандите.

Да покажиме и на друг тип македонец со србцко образуаiн'е. Он можит се броiит бугарин, и по проживуаiн'ето во Србиiа 4—5 год. Откако сврши тоi своето, образуаiн'е во Србиiа, каде тоi требит да одит; во Бугариiа или Македониiа? И во iедната, и во другата шчо ке праит? Бугариiа и екзархиiата во Македониiа имаат чиновници поеке от колку им сет нужни. Пак и да имат место, то него не ке му го даат на iеден, шчо свршил во Србиiа, ами на iеден своi кандидат. Да допушчиме ушче и тоа, да он добиiат бугарцка служба. Но ке се чувствуат ли он на местото му? — Не. Тоi за време на поминатите негои години во Србиiа се наог'ал под влиiаiн'е на цел ред прилики, шчо отсатствуваат во Бугариiа, и за тоа негоото мировозреiн'е се разликуат од мировозреiн'ето на тиiе, шчо се образуваа само во Бугариiа и iет слободно от цел ред предземени мисли и предрасудоци. Наi малу во ноата обшчествена стредина тоi ке се осек'ат не на своiето место.

И така Србиiа, со своiето набркуаiн'е во македонцкото прашаiн'е, напраи грмаден успеф и требит да си го признаиме да iет тоi, не толку во неiна, колку во наша полза. Она отвори сколиiи, кладе консулства, ракоположи Фирмил'ана и со се тоа даде нов праец на нашето прашаiн'е. Она создаде во европеiцкото обшчествено мнеiн'е и во самата Србиiа ил'узиiа да имат срби во Македониiа и таiа ил'узиiа минуат во очите на iевропеiците за факт. Она застаи, да се прегледат од ноо прашаiн'ето за народноста на македонците, и да се решит, ни во полза