Што ја нема Цвета
Изглед
- Што ја нема Цвета, мамо,
- низ двор да прошета?
- Дали болна легна Цвета,
- или болни гледа?
- Ниту болна легна сине,
- ниту болни гледа.
- Под сенка легнала Цвета,
- глава преврзала.
- Дали д' идам мила мамо,
- Цвета да ја видам?
- Понуда да носам, мамо,
- алва шеќерлија?
- Алва шеќерлија, мамо,
- едра леблебија?
- Немој сине, не ми оди,
- Цвета е свршена.
- Цвета е свршена сине,
- за момче богато.
- За момче богато, сине,
- за момче скопјанче.