Прејди на содржината

Што ми е мило мамо

Од Wikisource

Што ми е мило мамо
мило ем драго,
сејмен да шетам мамо
низ бузаана.
Па да видам мамо
белото Маре
белото маре мамо
на Цинциеви.

Дали го носи мамо
тој широк фустан
што го кроевме мамо
девет ергени.
Од секој ерген мамо
по еден аршин,
а Ѓоше не дал мамо
ни еден аршин.

А Ѓоше не дал мамо
ни еден аршин
Ѓоше го зеде мамо
белото Маре.
Ѓоше го зеде белото Маре,
а јас да пукнам мамо
ич не се жалам.

Поврзано

[уреди]