Прејди на содржината

Чудила се мила мама

Од Wikisource
Чудила се мила мама:
- Кому да те дадам?
Да те дадам за даскалче?
- Јас даскалче нејќум.
Даскалче е како просјак,
од село на село.
Џангара, мангара, манга, данга
од село на село.
Чудила се мила мама,
кому да ме дават?
Да ме дават за рибарче,
јас рибарче нејќум.
Рибарче е како мачка,
од риба на риба.
Џангара, мангара, манга, данга
од риба на риба.
Чудила се мила мама,
кому да ме дава?
Да ме дава за мајсторче,
јас мајсторче нејќум.
Мајсторче е како петел,
од греда на греда.
Џангара, мангара, манга, данга
од греда на греда.
Чудила се мила мама,
кому да ме дава?
Да ме дава за чалгаџи,
јас чалгаџи сакам.
Тој ќе свирит, јас ќе играм
ќе се погодиме.
Џангара, мангара, манга, данга
ќе се погодиме.
Чудила се мила мама,
кому да ме дава?
Да ме дава за фурнаџи,
и него го сакам.
Тој ќе печит, јас ќе јадам
ќе се погодиме.
Џангара, мангара, манга, данга
ќе се погодиме.

Поврзано

[уреди]