Чије е оној моме

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чије е оној моме мамо,
чије је оној моме,
от пенџер што гледа, мила мамо,
од пенџер шо гледа?
А што глава има, мамо,
а што глава има,
битолска курија, мила мамо,
битолска курија.
А што чело има мамо,
а што чело има,
алтан амајлија, мила мамо,
алтан амајлија.
А што веѓи има мамо,
а што веѓи има,
морски пијавици, мила мамо,
морски пијавици.
А што очи има мамо,
а што очи има,
беглески филџани, мила мамо,
беглески филџани.
Иди ја посакај мамо,
иди ја посакај,
дал' ќе ти ја дадат, мила мамо,
снаа да ти биде.

Поврзано[уреди]