Черешна се од корен корнеше

Од Wikisource
Черешна се од корен корнеше,
мома се од мајка делеше.
Проштевај мајко, проштевај,
проштевајте мили роднини.
Досега сум мајка слушала,
отсега ќе слушам свекрва.
Отсега ќе слушам свекрва,
свекрва, свекор, јатрва.
Свекрва, свекор, јатрва,
и најмалото ни деверче.

Поврзано[уреди]